Законските измени ќе стават крај на злоупотебите и хаосот со онлајн игрите на среќа

March 2, 2025
1 min read

Забрана за пристап и прецизна регулација на сите провајдери кои немат добиено лиценца за приредување на онлајн игри на среќа… Oва се новитетите што ќе произлезат со измените во Законот за електронски комуникации. Освен регулирање на пазарот, ќе се обезбеди и поголема заштита на граѓаните кои аплицирајќи на диви интернет платформи, стануваат лесна мета за кражба на лични подотаци, но и празнење на банкарски сметки. Дигиталната закана се шири со пандемиски размери, посебно кај тинејџерите

„ Целта на овој Закон е всушност да ги спречиме колку што можеме негативните влијанија кои влијаат и економски, социјално и психолошки на поголем дел од луѓето во нашето општество, а посебно кај младите луѓе. Самите измени всушност се во член 114 кои и сега предвидуваше одреден пристап до одредени апликации, но беа согласно судска одлука. или согласно одлуката на операторот што ја нуди електронската комуникациска услуга„ изјави Душко Иванов, пратеник.

Се претпоставува дека во Македонија, има околу 160 нелегални провајдери, а граѓаните на онлајн коцкање потрошиле над 210милиони евра. Дополнително ќе се истражува колку нерегистрираните онлајн коцкарници по основ на неплатени даноци, го оштетиле буџетот на државата. Според Иванов, ред во овој виртуелен хаос кој финансиски и психолошки ги проголтува младите, можеше да се стави ред и претходно. Но наместо вистински одлуки, тогашната власт на мала врата, тајно донесе одлука за формирање на три нови друштва за коцкање на интернет.

„Министерството за внатрешни работи во изминатиот период има покренато некакви основани сомненија за одредени кривични постапки кои се случуваа во Државната лотарија и токму од тие причини еден од високите функционери, односно Артан Груби, не е во државата„ изјави Душко Иванов.

Предлогот на законот и дополнување на Законот за електронски комуникации ќе оди на второ читање и ќе се достави до Кoмисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и до Законодавно-правната комисија на Собранието. Откако законските измени ќе бидат донесени, истите веднаш ќе бидат импплементирани, односно нема да се чека на предвидениот рок од 90 дена. Новите измени се работени по примерот на законот во Хрватска, земја во која биле регистрирани над 600 нелегални онлајн коцкарници.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рибокрадците неустрашливи и покрај зачестените полициски контроли

Следно

Од вчера парното греење е поскапо

Latest from Blog

Николоски објави видео: Буквално пробиваме планини, најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со 14 галерии

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави видео од работите на автопатот Кичево-Охрид. -НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со изградба на 14 ГАЛЕРИИ кои прв пат се изведуваат во

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници
Go toTop