Закажан реваншот меѓу Усик и Фјури, еве кога ќе се одржи

May 20, 2024
1 min read

Реваншот, кој е предвиден во договорот за борбата меѓу апсолутниот светски шампион во тешка категорија, Олександр Усик (22-0) и поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури (34-1), треба да се одржи на 12 октомври – пет месеци од датум првата борба.

Ова го објави инсајдерот Мајкл Бенсон на социјалната мрежа Х.

Усик викендот во Кингд Арената во Ријад, Саудиска Арабија го победи Тајсон Фјури (34-1) и стана неприкосновен светски шампион во тешка категорија, освојувајќи шест појаси: четири мајор (ВБА (Супер), ВБЦ, ИБФ, ВБО) и два помали (ИБО и Ринг).

Така, Усик стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија по Ленокс Луис (41-2) во 2000 година, а воедно и првиот во ерата на четири појаси.

Претходно, во ерата на три појаси, само Ивандер Холифилд (44-10) беше неприкосновен светски шампион во тешка категорија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада

Следно

Топ 5 технолошки новитети кои доаѓаат во блиска иднина

Latest from Blog

Беким Сали на отворањето на 4-та Балканска школа за педијатрија: Зајакнување на здравствените капацитети за децата

Во присуство на бројни здравствени експерти од регионот, денеска официјално започна 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој ги обединува педијатрите од различни земји со цел унапредување на знаењето и размената

Коњановски: Поголема поддршка за одвикнување од пушење во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска имаше поздравно обраќање на работилницата посветена на зајакнување на активностите за контрола на тутунот и унапредување на услугите за одвикнување од пушење на локално ниво. Настанот

Ајвар, ќебапи и криптовалути во центарот на Скопјe: Binance носи мешавина од традиција и иновација

(Скопје, 25 март) – Binance, водечката светска берза за криптовалути по обем на тргување и корисници, ќе одржи уникатен настан „Камион со ќебапи“ во Скопјe, Македонија. Од 10:00 часот наутро до 16:00
Go toTop