Закана со скратување на финансиската поддршка за професорите кои ги бранат пропалестинските студенти во Германија

June 12, 2024
2 mins read

БЕРЛИН (АА) – Германското Министерство за образование и истражување започна истрага со цел да се открие дали ќе биде скратена или не финансиската поддршка што им се исплаќа на академиците што ги поддржаа студентите во Германија што протестираат против нападите на Израел врз Газа, јавува Анадолу.

Голем број членови на професорската фела во Германија потпишаа отворено писмо во кое реагираа на полициската бруталност врз студентите што протестираа во знак на поддршка на Палестина на „Слободен универзитет“ во Берлин на 7 мај.

Според веста што ја објави северногерманската радио телевизија, германското Министерство за образование и истражување започнало истрага против академиците што го потпишале отвореното писмо за поддршка на студентите што протестираат против Израел.

Министерството ќе истражи дали ќе им бидат скратени или не средствата што им се даваат на академиците.

Во електронската пошта пратена до академиците тие биле прашани зошто им дале поддршка на студентите и од нив било побарано да кажат нешто во своја одбрана.

Пензионираниот професор по уставно и административно право Клеменс Арзт истакна дека барањето на Министерството е „обид за мешање во слободата на изразување“ и додаде:

„Ваквата ситуацијата, која може да доведе до последици како повлекување на финансиската поддршка, ќе претставува интервенција врз академската слобода.“

Иако по реакциите германското Министерство прифати дека пораката за поддршка што академиците им ја дадоа на студентите спаѓа во доменот на слободата на изразување, исходот од истрагата сѐ уште останува нејасен.

Соопштувајќи дека отвореното писмо е во рамките на уставното право на слобода на изразување и затоа не се донесени други заклучоци во врска со писмото, германското Министерство објави: „Според тоа, непотребни се натамошни шпекулации.“

Во соопштението нема официјална информација дали е прекината истрагата поведена за да се испита дали финансиската поддршка ќе биде скратена или не.

– Отворено писмо од професорската фела –

На 7 мај приближно 150 студенти на „Слободен универзитет“ во главниот град Берлин поставија шатори организирајќи камп на солидарност во внатрешната градина на универзитетот како знак на поддршка на Палестина и протест против притисокот врз поддржувачите на Палестина во Германија. Полицијата интервенираше на овој протест, евакуирајќи го кампот и приведувајќи голем број поддржувачи на Палестина.

По овие настани многу членови на професорскиот кадар од различни универзитети во земјата потпишаа отворено писмо во кое ги поддржуваат студентите што демонстрираа солидарност со Палестина и побараа студентите да не бидат изложени на полициско насилство.

„Независно од тоа дали се согласуваме или не со конкретните барања во кампот, стоиме покрај нашите студенти и го браниме нивното право на мирен протест“, се вели во писмото објавено на интернет.

Во писмото се наведува дека споменатите протести може да се одржат и на простори што им припаѓаат на универзитетите, дека слободата на собирање и изразување се основни демократски права што треба да се заштитат, особено на универзитетите, дека студентите треба да бидат заштитени и да не се изложени на полициско насилство.

Сојузната министерка за образование и истражување Бетина Штарк-Вацингер го критикуваше отвореното писмо потпишано од членовите на универзитетскиот професорски кадар.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мајската инфлација во Албанија 2,2 отсто

Следно

Турските сили неутрализираа четворица терористи на ПКК/ЈПГ во Северен Ирак

Latest from Blog

САРАЕВО ЛИ Е ИЛИ СЕПАК НЕ Е? Толку е загадено што луѓето залутале по пат до дома

Маглата е главна но, не и едниствена важна последица на загадувањето што се акумулира во сараевскиот басен со децении. Нивото на токсични честички PM2.5 повремено го надминува дозволеното ниво за десет пати.

Чешка има нов фудбалски селектор

Репрезентацијата на Чешка, потенцијалниот наш ривал на патот кон Мундијалот во САД, Канада и Мексико следното лето има нов селектор. Се работи за искусниот Мирослав Коубек, кому му е доделена одговорноста да

Како до поквалитетни јавни услуги: Отворена панел-дискусија во Битола

Јавните претпријатија како клучен сервис на граѓаните беа во фокусот на панел-дискусијата „Како до подобри услуги за граѓаните“, организирана од Советот на Општина Битола и Општина Битола, со цел отворање транспарентен дијалог

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија изјави дека измените на Кривичниот законик претставуваат преодно решение, произлезено од одлуката на Уставниот суд

Русин запроси девојка среде маратонскиот прес на Путин (ВИДЕО)

На маратонската прес-конференција што ја одржа рускиот претседател Владимир Путин во Москва (која траеше неколку часа), среде одговарањето на геополитички прашања, се случи момент што никој не го очекуваше: новинар ѝ предложи
Go toTop