Захарова: Зеленски планира напад на нуклеарната централа Запорожје, цел свет ќе ги почувствува последиците

July 5, 2023
1 min read

Нуклеарната централа Запорожје е под окупација на руските сили од почетокот на инвазијата

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, денеска за режимската руска радио станица Спутник изјави дека „Украина планира да изврши терористички напад врз нуклеарната централа Запорожје, со потенцијални последици кои би можеле да го погодат целиот свет“.

Нуклеарната централа Запорожје е под окупација на руските сили од почетокот на инвазијата.

„Зеленски планира да изврши терористички напад врз нуклеарната централа Запорожје“,

рече Захарова, додавајќи дека „САД и Велика Британија не го гледаат тоа како опасност“.

Но, ниту еден агол на планетата нема да остане недопрен од тој напад бидејќи има работи како атмосферата, светските океани и земјоделството, нагласи Захарова.

„Ако нешто се случи, тоа ќе влијае на сè – воздухот, водата и храната. Зеленски сака да го искористи тој фактор за своите екстремистички терористички цели“,

рече Захарова без да наведе докази за нејзините тврдења.

Претходно Зеленски обвини дека Русите поставиле сомнителни предмети на покривот на нуклеарната централа Запорожје.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската војска објави крај на нападите во Џенин и повлекување на војниците

Следно

Манчестер сити е подготвен да го продаде Силва за 99 милиони евра

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop