Захарова: Шведска ја изгуби контролата врз безбедноста по влегувањето во НАТО

September 7, 2025
1 min read

Нападот врз руската амбасада во Шведска покажува дека земјата ја изгубила контролата врз својата внатрешна и надворешна безбедност по влегувањето во НАТО, изјави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

„На крајот на краиштата, ваквите провокации претставуваат закана не само за дипломатската мисија, туку и за жителите на градот. „Се чини дека по влегувањето во НАТО, Шведска ја изгубила контролата врз внатрешната и надворешната безбедност“, рече таа.

Захарова истакна дека Москва постојано го покренувала прашањето за безбедноста со Стокхолм, но како одговор добила уверувања дека шведските власти ќе сторат сè што е во нивна моќ, пренесува ТАСС.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Илиев: Реформите, понекогаш, не значат фундаментални промени

Следно

Грузија ја декласира Бугарија!

Latest from Blog

Проданоски во Радио Пела: Рестарт на Прилеп преку капитални проекти, ред во сообраќајот и ФК Победа

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, во своето прво официјално гостување во студиото на Радио Пела како прв човек на општината, отворено говореше за приоритетите, тековните инфраструктурни зафати и плановите за развој

Божиновска и ММФ разговараа за стабилноста на цените на горивата и енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник Гигинеишвили. На состанокот се
Go toTop