Загинатиот Македонец Васко Саздовски имал 45 години, работел како научник во институтот „Биосенс“, бил од Свети Николе

November 2, 2024
1 min read

Научник од Македонија, кој работел на Институтот „Биосенс“ е меѓу жртвите во трагедијата во Нови Сад. Според информациите кои ги објави „Политика“, станува збор за 45 годишниот Васко Саздовски. Тој работел на институтот во Нови Сад кој истражува и развива информатички технологии за земјоделството. Информациите за „Политика“ ги потврдил и директорот на научниот институт Владимир Црнојевиќ.

Според колегите на Саздовски, Васко работел тука нешто повеќе од една година, во центарот за сензорски технологии, а речиси секој викенд го поминувал дома во Македонија, поточно во Свети Николе, каде што живеат неговата сопруга и двете деца. На патувањето за дома, тргнал на трагичниот петок, 1 ноември.

Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот Мицкоски изјави дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е во комуникација со неговиот колега во Србија, со цел колку што е можно да се помогне на семејството на Саздовски и да се ублажи нивната болка.

Во Нови Сад, од 2 ноември, е тридневна жалост за смртта на 14-те лица кои загинаа. Жителите на Нови Сад, од рано утринава палат свеќи пред местото каде што се случи трагедијата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од каде да се почне? ЕК даде 120 препораки за 2025 година

Следно

Мицкоски им порача на ДУИ да се подготват за одговорност

Latest from Blog

Коњановски: Широк сокак ќе добие европски изглед

На денешната седница на Советот на Општина Битола свое обраќање имаше градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Во продолжение интегрално го објавуваме неговиот говор. „Како Општина сериозно и темелно ги решаваме проблемите во

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.
Go toTop