Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

July 4, 2025
1 min read

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски државјанин е тешко повреден.

Несреќата се случила кога возилото „КИА“ со македонски регистарски таблички, кое се движело на автопатот во правец кон Хоргош, излетало од патот во близина на населеното место Вишњевац, помеѓу патниот јазол кај Жедник и наплатната рампа кај Суботица, по што се превртело.

Според српските медиуми, животот го загубил патникот Н. А. (39), додека возачот А. А. (60) добил тешки повреди и е пренесен во болницата во Суботица. Од тамошната полиција информираат дека против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедноста на сообраќајот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костадинов се јави, повторно: Не, јас не одам како кандидат, јас се повлекувам во тишина

Следно

ФОТО: Сообраќајна несреќа вечерва на булевар „Партизански одреди“

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop