Загадениот воздух во Европа убива 1.200 деца годишно

September 16, 2025
1 min read

Неодамнешен извештај на Европската агенција за животна средина (EEA) открива дека загадувањето на воздухот е одговорно за повеќе од 1.200 смртни случаи на деца и тинејџери годишно ширум Европската Унија (ЕУ).

Се проценува дека секоја година во земјите-членки и земјите кои соработуваат, загадувањето на воздухот предизвикува над 1.200 смртни случаи – наведуваат од Европската агенција за животна средина.

Извештајот опфатил 32 земји-членки на ЕЕА, вклучувајќи 27 земји од ЕУ, и земји-соработници како што се Албанија, Србија и Црна Гора. Извештајот не вклучува некои земји со развиена тешка индустрија кои граничат со ЕУ, како што се Велика Британија, Украина и Русија, кои би можеле да го зголемат бројот на жртви.

Според извештајот, над 90 проценти од урбаното население во Европа било изложено на загадување со нивоа кои ги надминуваат стандардите на СЗО за квалитет на воздухот од 2021 година, а 97 проценти од населението било изложени на најштетниот загадувач во воздухот, PM 2,5. Фините честички се примарен предизвикувач на водечките причини за предвремена смрт, срцеви заболувања и мозочен удар, проследени со белодробни заболувања и рак на белите дробови, се наведува во извештајот.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиерот Мицкоски во посета на општина Јегуновце

Следно

Ѓорѓиевски: Одредени политички партии и групации сакаат да профитираат политички од подметнатите пожари, потребно е ЈО веднаш да постапи

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop