Заев и Филипче должат одговори дали бил договориле процент од продажбата на „Дака“ во Тетово, вели Петрушевски

April 11, 2026
1 min read

Врховниот лидер на СДС, Заев и неговиот чувар на фотелјата Филипче должат одговори дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на „Дака“ во Тетово, рече денес на прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.

Тој направи и пресметка на заработката.

„200 милиони евра ќе заработел ’Дака’, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година. 4 милиони евра заработил Заев за да му овозможи на прорускиот бизнисмен ’Дака’ да гради бетонска џунгла, се вели во аудио снимките на кои ’Дака’ и посредникот на Заев, Кичеец разговараат во детали. Затоа, СДС, Заев и Филипче се должни да одговорат дали бил договорен и процент од продажбата на становите кои во тоа време биле проценети на 200 милиони евра?“, рече Петрутевски.

Нагласи дека СДСМ Заев и Филипче биле спремни да направат с è , само да го наполнат својот џеб и го повика Јавното обвинителство да ги истражи сомнежите.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што се случува со Арсенал? Борнмут славеше на „Емирати“, Сити ќе го напаѓа врвот (ВИДЕО)

Следно

Саботажа? СРЕД ПРЕГОВОРИ ЗА МИР ТРАМП ПРАТИ ВОЕНИ БРОДOВИ ВО ОРМУЗ!

Latest from Blog

Саботажа? СРЕД ПРЕГОВОРИ ЗА МИР ТРАМП ПРАТИ ВОЕНИ БРОДOВИ ВО ОРМУЗ!

Неколку бродови на американската морнарица влегоа и пловеа низ Ормутскиот теснец и тоа за време на преговорите помеѓу САД и Пакистан, потврди американски функционер. Ова е прво поминување на американски воени бродови

Што се случува со Арсенал? Борнмут славеше на „Емирати“, Сити ќе го напаѓа врвот (ВИДЕО)

фото: Premier League (X) Голем „кикс“ на Арсенал на стартот на денешните натпревари од 32. Коло во Премиер лигата. Момците на Микаел Артета по репрезентативната пауза доживеаја нов срам, откако на домашен
Go toTop