Заедно за развој: Изет Меџити најави нова ера за Чаир

September 29, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, на денешното обраќање до граѓаните истакна дека Чаир заслужува брз и правичен развој, институции кои им служат на граѓаните и лидерство со визија, храброст и чесност.

„Јас сум овде како син на овој крај, како пријател и сосед. Не сум овде заради позиции и привилегии, туку за многу поголема мисија – да го подигнеме Чаир на нивото што го заслужува, како пример за еднаквост, правда и развој за сите“, рече Меџити.

Тој нагласи дека Чаир ќе биде пример за победа над корупцијата и неправдата, место каде што инвестициите нема да бидат блокирани од интереси на кланови, каде што училиштата ќе се модернизираат, населбите ќе добијат светлина, младите ќе имаат перспектива, а постарите ќе се третираат со достоинство.

 

„Ова е наша заедничка борба. Заедно ќе го направиме Чаир гордост на Албанците и пример на администрација која работи за луѓето. Не ветувам чуда, ветувам дека ќе бидам покрај вас на секое место каде што е потребна правда и работа“, додаде Меџити.

Тој ги повика граѓаните да се вклучат во изборниот процес и нагласи дека 19 октомври е денот кога Чаир повторно ќе победи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка и Алкалоид со најголем промет на берзата

Следно

ФФМ со иницијатива за модернизација на наставата во О.У. „Аврам Писевски“

Latest from Blog

Македонски Концепт – Чаир со заеднички ифтар за верниците

ИФТАР – ОК на МК Чаир Во духот на почитта, заедништвото и меѓусебното разбирање, Општинскиот комитет на Македонски Концепт – Чаир организираше заеднички ифтар за нашите членови и пријатели припадници на исламската

Напад во Мичиген: Со автомобил се забил во синагога, па почнал да пука (ВИДЕО)

Вооружениот човек е убиен откако со автомобил влетал во синагога во пошироката област на Детроит, потврдил полицаец за CNN. Канцеларијата на шерифот на округот Оукленд им кажа на новинарите дека обезбедувањето на

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Состојбата со енергенсите будно се следи и доколку има потреба Владата ќе интервенира. Сега, во моментот, не сметам дека состојбата е надвор од контрола. Да не ги драматизираме работите и да не

Жичницата на Водно привремено нема да биде во функција

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува корисниците дека жичницата „Милениумски крст ” привремено нема да биде во функција. Како што наведоа од ЈСП, причината за привремениот прекин е поради изведување
Go toTop