Забраната за носење шамија во спортот наиде на бурни реакции во Франција

February 19, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Францускиот предлог-закон за забрана за носење шамии во спортот наиде на бурни реакции денес од Студентите муслимани од Франција (ЕМФ), јавува Анадолу.

ЕМФ, национална студентска организација, na платформата X предлог-законот го нарече „расистички, исламофобичен и сексистички“, нагласувајќи преку дека ги поткопува принципите на еднаквост.

Оваа недела францускиот Сенат ќе расправа и ќе гласа за предлог-законот што има цел да ја прошири забраната за верски симболи, меѓу кои и за шамиите, на сите спортски натпревари во Франција.

„Под маската на одбрана на државјанството и јавниот ред, всушност, тоа создава подграѓани“, рече ЕМФ, додавајќи дека спортот сѐ повеќе се користи како сцена за дискриминација.

Организацијата истакна дека треба итно спротивставување на „политиката на контрола и санкции“ насочени против муслиманите.

ЕМФ го карактеризира предлог-законот, претставен минатата година од конзервативниот политичар Мишел Савин, како „фантазија за сепаратизам“ во спортот што се потпира на „неодредени и маргинални личности“ за да се создаде „јавен проблем“.

„Јавниот простор не смее да стане место на ексклузија“, додаде ЕМФ, нагласувајќи дека спортот мора да биде достапен за сите.

Покрај забраната за носење шамии, предложената легислатива, исто така, бара да се забранат и заедничките молитви во спортските објекти финансирани од јавноста.

Вчера Амнести интернешнал ги повика француските пратеници да го отфрлат предлог-законот.

Во 2022 година францускиот Сенат отфрли уште еден обид да се забрани религиозното покривање на косата во спортот.

Дури и ако сенаторите го поддржат предлог-законот оваа недела, тој сепак мора да биде одобрен од поделениот Долен дом на Франција за да стане закон.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска-Кочоска на средба во Стопанската комора – Првата транша од унгарскиот заем наскоро ќе се исплати до компаниите

Следно

ФФМ ја одреди цената на влезниците за натпреварот против Велс

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства

Лидерот од Тему: „Што направи нашата влада, намали само ДДВ на горивата?“ „Вашата“ ни тоа него стори…

Нов ден, нова демагогија од СДС. Овојпат во директна изведба на нивниот лидер од Тему. Виа Муртино. Многу веројатно, тој пак ја менуваше Богданка и само го прочита напишаното од Башановиќ. Или
Go toTop