Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

January 12, 2025
1 min read

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од кашест снег, соопштија од АМСМ. Екипите на ЈП Македонијапат се активно ангажирани на терен.

АМСМ информира за активни забрани за движење на тешки товарни возила на следните патни правци:

Крива Паланка – граничен премин Деве Баир
Гостивар – Маврово – Дебар
Гостивар – Стража – Кичево
Пресека
Плетвар

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира на внимателно возење со прилагодена брзина и строго почитување на сообраќајната сигнализација. Особено внимание се препорачува на делниците низ котлини, речни долини и клисури поради можноста од одрони, како што се:

Катланово – Велес
Маврово – Дебар – Струга
Виница – Берово
Кочани – Делчево

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тјери Анри ќе биде нов селектор на Белгија!?

Следно

Облачно и студено насекаде со врнежи од снег

Latest from Blog

Меџити: Нашата работа се гледа – започна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денеска го оцени поставувањето на камен-темелникот на автопатот Скопје–Блаце како еден од најзначајните инфраструктурни проекти за земјата и за Албанците во Северна

ФОТО + ВИДЕО | СО ЧЕКАН ВО РАЦЕ: Израелски пратеник го урна палестинскиот споменик на Западниот Брег

Израелскиот пратеник од крајната десница, Зви Сукот, заедно со неколку соработници, со чекани го срушил споменикот посветен на загинатите Палестинци во селото Мадама на Западниот Брег, при што инцидентот предизвика осуди и

Костадинов: Да се намалат платите на функционерите и да им се даде на земјоделците за пиперката

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, даде идеја како да им се помогне на земјоделците да можам да добијат соодветна цена за килограм пиперка – ајварка. -Како опозиција, сосем е легитимно да
Go toTop