Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Тетово-Попова Шапка, непрооден дел од патот кон ГП Голема Црцорија-Голеш

December 27, 2024
1 min read

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Патниот правец од Крива Паланка кон ГП Голема Црцорија – Голеш“ на околу 600 метри пред преминот, односно од селските гробишта во с. Голема Црцорија, не е прооден од снежни наноси и навеви од снег, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно и студено со сончеви периоди

Следно

Да се внимава со алкохолот и пиротехничките средства за празниците, препорачуваат здравствените работници

Latest from Blog

„Газпром“: Одбиен напад со дронови врз станица на гасоводот „Турски тек“

Според наводите на компанијата, меѓу 00.40 и 1 часот три беспилотни летала со фиксни крила се обиделе да го нападнат објектот на извозната инфраструктура, пренесе „Тас“. „Газпром“ наведе дека нападот бил одбиен

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа

Државниот јавен обвинител Ненад Савески изразува жалење за повлекувањето на Ленче Ристоска од функцијата обвинител и нагласува дека одлуката што ја донел за отповикување на сите овластувања дадени кон неа од неговите

ВМРО: Оставката на Ристоска е ден на жалост за рекет обвинителите и ден на среќа за обесправените

Со внимание ја проследивме оставката на Ленче Ристоска, која до пред само еден месец самоуверено тврдеше дека дошло времето токму таа да застане на чело на обвинителството и да ја донесе толку
Go toTop