За урнатиот ѕид кај Клинички центар Мајка Тереза – Министерството почна со расчистување, се чека за реконструкција

June 11, 2025
1 min read

Камења, парчиња бетон и накривен ѕид.

Веќе една година е откако е урнат овој дел од потпорниот ѕид кај Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а досега не е преземено ништо за негова поправка.

Тука секојдневно минуваат граѓани, пеш или со автомобили.

Град Скопје и Општина Центар не преземаат ништо, бидејќи велат дека не е во нивна надлежност.

„Попрецизно улицата Белградска е улица во надлежност и сопственост на општина Центар, а потпорниот ѕид кој е изграден со функција ограда на Клиничкиот центар е надлежност на Министерството за здравство, односно негова изградба/реконструкција може согласно законските и подзаконски акти да прави единствено Министерството или негов орган овластен за истото“, велат од Град Скопје.

Од Министерството за здравство велат дека нарачале проект за потпорниот ѕид.

„Ќе се изгради нов потпорен ѕид, повлечен за 1.5 метри кон Клиничкиот центар, со цел проширување на улицата Белградска. Според заклучоците на Владата, Министерството за здравство е задолжено за изградбата на ѕидот, додека останатите надлежни институции треба да го решат инфраструктурниот и сообраќајниот дел од улицата“, вели МЗ.

Од Министерството известија дека денеска е веќе започната постапката за отстранување на габаритот од урнатиот ѕид кој стои таму веќе две години!

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Расипаниот телефон“ на Мицкоски го преиначи одговорот за изјавата на Филипче: Наместо „до каде ја турна Македонија по европскиот пат“, тој говореше за „слобода на медиумите“ и „општество“

Следно

Тухел сака да ја предводи Англија и на ЕВРО 2028

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop