За студенти по фармација и медицина: Фондацијата „Tрајче Mукаетов” го објави конкурсот за стипендирање

October 31, 2024
1 min read

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ -Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2024 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-26/1 усвоена на ден 30.10.2024 година објавува:

КОНКУРС

За стипендирање на 20 студенти по фармација

1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по фармација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии.
Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех.
Да не повторувале година во текот на студирањето.

2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Молба.
Кратко CV.
Уверение за положени испити и постигнат успех.

3.НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса:
Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје
Булевар „Александар Македонски“ бр.12 1000 Скопје
Документите се поднесуваат од 01.11.2024 година до 18.11.2024 година исклучиво по пошта.

4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА

Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Фармацевтски факултет.
Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ).

Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат.
За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Медицинскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2024 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-28/1 усвоена на ден 30.10.2024 година објавува:

КОНКУРС

За стипендирање на 20 студенти по медицина

1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по медицина на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии.
Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех.
Да не повторувале година во текот на студирањето.

2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Молба.
Кратко CV.
Уверение за положени испити и постигнат успех.

3.НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса:
Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје
Булевар „Александар Македонски“ бр.12 1000 Скопје
Документите се поднесуваат од 01.11.2024 година до 18.11.2024 година исклучиво по пошта.

4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА

Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Медицински факултет.
Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ).

Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат. За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стефановски: Целта не е да се оцрни само Бојан Христовски, целта е да се оцрни целата служба

Следно

Wolt наскоро доаѓа во Македонија

Latest from Blog

Политичар, левичар, наркоман… “ ДА, КОРИСТЕВ КОКАИН, НО НЕ ДОДЕКА СУМ НА РАБОТА…“. Гласајте за мене!

Лидерот на Данската либерална алијанса, Алекс Вансплаг, во објава на Фејсбук призна дека користел кокаин. Имено, во објава на социјалната мрежа Фејсбук, данскиот политичар напиша: „Значи да, пробав кокаин на почетокот на

Трипуновски: Секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара

„Мојот став е јасен и непроменет, секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара. Владата има неселективен пристап“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и

Во кои угостителски објекти ќе може да се пуши?

Предлог-законот за заштита од пушење во вторник ќе се најде на седница на Владата, по што ќе биде доставен до Собранието на понатамошна процедура. Министерот за здравство Азир Алиу информира дека процесот
Go toTop