За првпат: На солунскиот универзитет на македонски јазик се зборуваше за Македонистика

December 23, 2024
1 min read

„Секоја граница е тешко да се помине. Ама мора да ги дадеме сите сили, и професионални и лични, за да почнат работите да течат кон вистинска соработка меѓу двата универзитета“, порача универзитетската професорка, Весна Мојсова-Чепишевска на конференцијата за перспективите на културна соработка на академско ниво со фокус на македонскиот јазик. На оваа прва од таков тип конференција во организација на Одделот за балкански, словенски и ориентални студии на Универзитетот „Македонија“ заедно со центарот „Лабораторија: култури, граници, родови“ и во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ учествуваа македонски и грчки професори. Преполн амфитеатар, многу емоции и солзи, но и доволно можности за афирмација на македонистиката на солунскиот Универзитет, пренесе пулс24.

– И ние, овде, во Солун, тоа го докажавме. Оваа конференција, на која говориме на македонски јазик за македонскиот јазик, книжевност и култура се темели на некои претходни објави-настани. Меѓу другото, пред 99 години е објавен првиот буквар на македонски народен јазик за македонското национално малцинство во тогашна Грција под наслов АБЕЦЕДАР, подготвен од специјална комисија на тогашната грчка влада (Папазахариу, Сијакцис и Лазару), под меѓународно покровителство на „Друштвото на народите“ во Женева и отпечатен во Атина на лерински народен говор со специјално приспособена латинична азбука и со нагласено фонетски правопис. А сега, за првпат се случува конференција на олку високо ниво за перспективите за културна соработка на полето на македонскиот јазик. Не смееме да запреме тука! – рече Мојсова-Чепишевска.

Таа говореше за Кочо Рацин, Ацо Шопов, Блаже Конески, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Петре М. Андреевски и Влада Урошевиќ. Таа потсети и на македонската книжевна и културна традиција и во претходниот период. Таа говореше на македонски, а паралелно одеше и преводот на грчки, кој за оваа конференција го направи професорката Александра Јоаниду.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Куба ја погоди земјотрес со интензитет од 5,9 степени по Рихтер

Следно

Во последното деноноќие 2.271 повик на 112 и два пожари на отворено

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop