За Орбан Македонија е само бафер зона за заштита од мигранти и транзит за Унгарија до грчките пристаништа

September 27, 2024
2 mins read

Од прес конференцијата на унгарскиот премиер во Охрид стана јасно дека посетата на Орбан и на неговата владината делегација на Северна Македонија првенствено има(ше) за цел да ги договори условите според кои нашата земја ќе биде бафер зона за заштита на Унгарија од мигрантите и транзит за унгарската економија до грчките пристаништа.

Во овој контекст Орбан имаше потреба да нагласи: „Многу важно да имате успешна Влада која е способна да го запре мигрантскиот бран и доколку има потреба во тоа имаме волја да помогнеме на сите начини“.

Каква улога може да има Северна Македонија за да ја заштити Унгарија од мигрантите Орбан заклучил од искуствата и помошта што Унгарија ја имала во 2015-2016 година.

„Во однос на мигрантската криза и ние тогаш станавме свесни дека Северна Македонија не е само една пријателска држава, туку има клучно значење за безбедноста на Унгарската држава. Бидејќи вашата држава се наоѓа на мигрантската патека и доколку вие не успевате да се изборите со илегална миграција, тогаш мораме ние сами тоа да го направиме и затоа е многу важно да вие имате успешна Влада која е способна да ја запре мигрантскиот бран и доколку има потреба во тоа имаме волја да ви помогнеме на сите начини“, говореше Орбан во Охрид во обраќање кое во најголем дел беше посветено на неговиот приоритет – да ја заштити својата земја од нов мигрантски бран.

Оттаму, рече тој, Унгарија е подготвена за финансиска соработка и со тоа сакаме да придонесеме кон зголемување на безбедноста во Македонија. Нас ни е многу важно Северна Македонија да има стабилна и силна Влада која е способна да ги завршува своите работи, рече тој.

Дека тоа е главна тема за Орбан стана допопнително јасно и од прашањата на унгарските новинари кои допатуваат со него и кои, очигледно имаат за задача да ги пренесат токму овие пораки од Охрид, дека нивниот премиер договорил Северна Македонија да ја помага да биде брана за мигрантите да не дојдат до Унгарија.

Орбан не пропушти да нагласи дека на мигрантите гледа како на голема опасност и ги кажа неговите бројките и демографските податоци.

„Миграцијата е длабоко демографско прегрупирање во светот. Со демографска експлозија и миграција од Африка, преку Медитеранот ќе ни дојдат повеќе од 100 милиони луѓе и тоа мора да го спречиме“, јасно рече Орбан.

Затоа, како што кажа тој, бидејќи на Западен Балкан живеат народи кои знаат што значи тоа, ни трерба стратешки договор за ова прашање со земјите од Западен Балкан, додека, смета унгарскиот птремиер, во ЕУ не се доволни свесни за ова прашање.

„Договоривме соработка на конкретни прашања за заштита на христијанството. Бараме партнери и бидејќи Македонија е историски упатена во оваа работа, имајќи ги историките околности, затоа сме тука“, беше многу прецизен Виктор Орбан и додаде дека и со Србија очекува таква соработка.

Орбан во своето обраќање пред новинарите во Охрид не се задржа многу на економската соработка, но затоа во изјава за унгарско радио рече дека е Македонија заради фактот што низ неа минуваат важни трговски патишта.

„Ако сакаме да ги транспортираме нашите стоки до Унгарија, откако ќе бидат пристигнати по морски пат, нашиот пат до грчките пристаништа води преку Северна Македонија. Економската соработка меѓу двете земји е многу важна“, изјави за радиото со коешто го започна утрото во Охрид, унгарскиот премиер.

Орбан говореше и за евроинтеграциите на Северна Македонија коишто од вчера се ставени на спореден колосек. Порача дека е направена историска грешка кон Македонија, која што сега е дуплирана по одлуката за одвојување на Албанија на патот кон ЕУ, додека Македонија е оставена настрана.

„Тоа не е чесно. Ако сме праведни, вие одамна требаше да сте членка на ЕУ“, рече тој, но не одговори на новинарско прашање зошто амбасадорот на Украина не гласал против одлуката на Брисел Албанија да ги продолжи преговорите, а Македонија да биде запрена.

Тој му соопштил и на Мицкоски дека е Унгарија, како земја претседавач со ЕУ, е подготвена да посредува за решение коешто ќе одговара на Северна Македонија и Бугарија, како да не знае дека досега имаше неколку такви обиди од земји со поголемо влијание од она на Унгарија и дека сите останаа без резултат.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Изет Меџити оствари средба со амбасадорката на Хрватска Нивес Тигањ

Следно

ПОЧИНА БРИТАНСКАТА АКТЕРСКА ЛЕГЕНДА МЕГИ СМИТ

Latest from Blog

Рубио: Трамп би можел да се сретне со Зеленски следната недела во Њујорк

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, за време на годишниот

Ѓорѓиевски: „Локалните избори ќе донесат крај на дивите депонии во населените места“

За време на интервјуто ЕСПРЕСО кај Љупчо Златев поврзано со серијата пожари и проблемите со отпадот во градот Скопје, Орце Георгиевски ја изложи својата програма и ветување: по изборите, како градоначалник на

Жените полудуваат по овој рецепт: Јадете го ова наутро и килограмите ќе исчезнат сами од себе

Еве еден петминутен рецепт за појадок кој го забрзува вашиот метаболизам, ве прави сити и ви помага да ги изгубите мастите побрзо отколку на строги диети. Колку пати сте држеле диета, сте

Мицкоски: Очигледна е соработката на ДУИ и Левица во Тетово, Гостивар и Струга, целта им е раслојување на анти ДУИ гласовите во овие општини

Очигледна е соработката на ДУИ и Левица во Тетово, Гостивар и Струга, целта им е раслојување на анти ДУИ гласовите, бидејќи Западна Македонија не се само овие општини, истакна денеска премиерот на

Меџити: Иднината на Чаир започнува од населеното место Гази Баба, нашите проекти не се само зборови, туку конкретна работа на терен

„Сме на улица 157 и можеме да констатираме дека атмосферската мрежа веќе е завршена и се поврзува со главната цевка на булеварот, и овој проблем е надминат за оваа улица.“ Ова го
Go toTop