За Мицкоски бурекот и јогуртот беа скапи, ама и со есенската кошничка не поевтинија

September 25, 2024
2 mins read

И бурекот и пекарските производи се опфатени со владината одлука за намалување на маржите, но сепак денеска овие трговци не ги намалија цените, иако уште од февруари премиерот Христијан Мицкоски даде забелешка дека бурекот и јогуртот се прескапи критикувајќи ги антикризните мерки на претходната влада. Тој рече дека во Македонија лошо се живее, минималната и просечната плата се на дното, а вети подобри времиња.

Како пример, Мицкоски тогаш ја зеде цената на чинење на четвртина бурек со јогурт, посочувајќи дека пред неколку години можеше да се купи за 50 денари, додека сега истото чини 120 денари.

„Тие условно велат така, но исто така, добро е да ги потсетиме дека четврт бурек со јогурт пред неколку години беше 50 денари, сега е 120 денари. Македонија е убедливо меѓу врвните држави кога станува збор за криминалот и корупцијата, според просечната плата и пензија сме на дното, според степенот на мизерија сме, исто така, на врвот и така натаму, рече тогаш Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ сега е на власт, а Мицкоски е премиер, сепак граѓаните го кажаа своето, поевтинувањето на фамозната есенска кошничка е незабележително, се уште имаме најниска минимална и просечна плата во регионот, а цената на бурекот и јогуртот се движи меѓу 100 и 120 денари.

Трговците на мало не се должни дополнително да ги намалуваат бруто-профитните маржи на производите кои се опфатени во владината одлука за ограничување на маржите, ако веќе имаат маржа до 10 проценти, изјави на денешната прес-конференција Директорот на пазарниот инспекторат (ДПИ), Горан Трајковски.

Дел од трговците, како што вели Трајковски, ги задржале истите маржи на производите од пред носењето на владината одлука за нивно ограничување до 10 отсто, бидејќи се во рамки на ограничувањето, и затоа кај тие производи нема намалување на цените. Првиот човек на ДПИ додава дека трговците може дури и да ги зголемат маржите на производите, сè додека тие се во рамки на ограничувањето од 10 отсто, што може да доведе до зголемување, а не до намалување на нивните цени.

„Ако на пример, трговецот на мало одел со заработка од пет отсто кај јогуртот, тој нема обврска да го намали. Некаде можеби оделе со маржа од три отсто. Сега иамаме случаи каде што, за да си ги дополнат приходите онаму каде што ги намалиле маржите од 30 на 10 проценти, да ги зголемат маржите на производот од три на 10 отсто. Јас како директор на ДПИ можам да апелирам, како општествено одговорни, ако имаат простор да ги намалат и тие цени, но немаат обврска“, изјави дирекорот на Државниот пазарен инспекторат на денешната прес-конференција.

На прашањето дали во владината одлука се опфатени и бурекчилниците, со оглед на тоа што со ограничени маржи треба да бидат и печените пекарски производи како бурек, симит, ѓеврек и банички, Трајковски одговара потврдно. Бурекчилниците, како што рече, се опфатени според членот 3 од Законот за трговија.

Се ограничува маржата на 73 прехранбени производи, меѓу нив и на ѓеврекот, бурекот и баничките. Денеска ги контролираме големите маркети, од утре почнуваме со малите маркети и бурекчилниците, а од задутре со трговија на големо. Толеранција за никого нема да има и сите да си ја почитуваат одлуката. Сè додека јас сум директор на ДПИ нема да има толеранција за никого. Ќе постапуваме по законските прописи и нема да толерираме никакви примени на нечесни трговски практики и секој оној којшто ќе се огреши ќе биде казнет“, вели Трајковски.

Казните, според Законот за трговија, се од 2 000 до 10 000 евра, а доколку се утврди дека некој применува нефер трговски практики, како што посочи Трајковски, ќе се постапува по Законот за потрошувачи кој предвидува и можност за затворање на трговските објекти. Додава дека од вчерашните теренски проверки во маркетите, во кои учествувал и самиот, утврдил оти голем дел од трговците на мало не ја сфатиле сериозно владината одлука.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лимани до младите: Нашите врати се отворени за вас, ајде заедно да ги креираме младинските политики

Следно

Книга за Борис Трајковски со целосна финансиска поддршка на Фондација „Заев – Едно општество за сите“

Latest from Blog

Протест „Марш на ангелите“ во Кочани – семејствата на загинатите ја одбија поканата за средба со Мицкоски

Попладнево во кочани се одржува протестниот „Марш на ангелите“ на кој учествуваат родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во кобната ноќ меѓу 16-ти и 17 март. Пред протестот родителите испратија соопштение во

Македонските каратисти на карате семинар во Виндзор

Македонските каратисти предводени од Венцислав, Дејан и Аљоша Недеви викендов учествуваат на врвен карате семинар во Винздор, Англија. Семинарот го водат Такаши Оиши 9 дан, шеф инструктор на Јапонија и повеќекратен светски

Трамп потпиша претседателски декрет со кој им се дозволува на имигрантите „бесплатен лет надвор од САД“

АНКАРА (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша претседателски декрет со кој им се дозволува на имигрантите во земјата „да летаат бесплатно надвор од САД“, известува Анадолу. Во соопштението на Белата куќа

Студентите од регионот заедно во Скопје, бараат меѓусебно признание на дипломите и независен инвестициски фонд

Иако доаѓаат од различни држави, студентите од регионот се соочуваат со слични проблеми. За да зборуваат за нив и да побараат решенија за предизвиците со кои се соочуваат, младите се собраа во

УАКС одбележува 20 години визија и посветеност на квалитетно образование по светски стандарди

Денес, со свечен настан на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), официјално започна одбележувањето на јубилејот – 20 години УАКС. На настанот се обратија претседателката на одборот на директори и проректор за настава
Go toTop