За кого всушност е тоа Прајдот?

June 7, 2023
2 mins read

Кон крајот на првиот век од нашата ера, императорот Домицијан реши да го ребрендира октомври во „домицијан“ бидејќи Јулиј Цезар и Август веќе имаа свои месеци, а ова беше елегантен начин да го потврди својот божествен статус.

Фаст форвард два милениума: апостолите на новата религија решија јуни отсега да биде познат како „Месец на гордоста“. Во овие 30 дена, градовите низ Велика Британија ќе бидат украсени со симболот на  новооснована црква: знамето „Прогрес Прајд“. Овој очобол ќе се вее  над граѓански институции и корпорации, ќе ги краси подлогите за маси во синџирите на ресторани, ќе биде изложуван како завеса во училиштата, можеби и преку полициските автомобили. Локалните власти ќе ги пребојуваат пешачките зебри, без разлика на трошоците и поплаките од ранливите групи дека тоа може да ги дезориентира слабовидите и нивните кучиња водичи. Толку од инклузивноста.

Што се случи со старото Прајд знаме? Виножитото со шест ленти беше едноставен и радосен дизајн што ја претставува моќта на различноста. Новото знаме на Прогрес прајд додаде транс бои (сина, бела и розова), црна и кафена за да ја симболизира расната инклузивност и виолетов круг на жолта позадина за интерсексуалните луѓе. Лани, Мајкрософт објави проширена верзија на знамето, еден луд калеидоскоп од неверојатни бои и форми на кој на свои очи не им веруваш.

Ваквите глупости би биле масовно исмевани доколку последиците не беа толку незгодни. Оние кои забележуваат дека гордоста има станато пародија на самата себе се обвинуваат за „трансфобија“ и „омраза“, блесав но ефикасен метод за избегнување критики. За сите овие смарачи, важно е да се идентификува каде тоа застрани Прајд.

Кога првиот марш се одржа во Лондон во 1972 година, хомосексуалноста беше легална само пет години, а изгледите за хомосексуални бракови изгледаа невозможни. Само 2.000 луѓе се појавија да протестираат. Лани во Лондон парадата привлече над милион луѓе. Човек да се сомнева дали хетеросексуалците се доминантна демографска група.

Сето тоа го наметнува прашањето: за кого навистина е Прајдот? Со одамна воведени еднакви права за хомосексуалците, Прајд постепено се претвори во авто-сатирична прослава на нарцизмот во која среброљубиви корпорации можат да се претставуваат како доблесни само со веење знаме и нафрлување пар хаштагови. Ако борбата за еднаквост за оние кои ги привлекува истиот пол беше опиплива и важна, сега од нас се очекува да покажеме солидарност за „кинки“ хетеросексуалци. Британската библиотека реши да го прослави овој  Прајд со твитање за хермафродитски риби. Самиот концепт на 2SLGBTQIA+ (Two-Spirit, Lesbian, Gay, Bisexual, Transgender, Queer and/or Questioning, Intersex, Asexual плус) и сите негови придружни апсурди го направија Прајд за потсмев.

Новата идеологија го киднапираше движењето Прајд, а нејзините комесари се опседнати со групниот идентитет и верувањето дека родот е поважен од полот. Ова носи сериозни последици за геј луѓето. Во педијатриската џендер клиника Тависток, вработените се шегувале дека наскоро „нема да останат хомосексуалци“. Медикализацијата и стерилизацијата на хомосексуалците некако се прикажа како „прогресивна“.

На интернет интензивно оживуваат стари хомофобични рефрени од родови идеолози кои веруваат дека „гениталните преференции се трансфобични“ и дека лезбејките кои не се заинтересирани за пениси мора да страдаат од некаква „траума“. Правата на хомосексуалците беа обезбедени со признанието дека ова малцинство луѓе инстинктивно ги привлекуваат припадниците на нивниот пол. Новата идеологија на родови идентитети го отфрла овој поим и активно ги срами геј луѓето поради нивната ориентација.

Не е ни чудо што толку многу геј луѓе сега чувствуваат дека Прајд веќе не ги претставува. Идеологијата што сега се промовира негира дека истополовата привлечност е суштина на она што значи да се биде геј. Добронамерните членови на јавноста, кои сакаат да ја поддржат еднаквоста, едвај го забележаа преминот од про-геј знамето на виножитото во анти-геј верзијата што во моментов доминира. Геј луѓето беа измамени да маршираат заедно со движењето што работи против нивните интереси. Иако гордоста некогаш беше суштинска, денес е измама. Време е да се спушти тоа знаме еднаш засекогаш.

Ендрју Дојл,
автор на „Free Speech and Why It Matters“

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почна санацијата на Спомен-костурницата на паднатите борци од НОВ во Струмица

Следно

Што пишува во Протоколот со Бугарија и заклучоците на Советот на ЕУ: Кога треба да стапат на сила уставните измени

Latest from Blog

Американскиот Балкански трговски центар потпиша договор за стратешко партнерство со Стопанската комора на Илиноис

Американскиот балкански трговски центар (AБTC) официјално потпиша договор за стратешко партнерство со Трговската комора на Илиноис, означувајќи важен нов чекор во мисијата на организацијата за зајакнување на деловните врски и создавање нови

ПАПАМОБИЛ, ДИПЛОМАТИЈА И 15.000 ЛУЃЕ ОД БЕЗБЕДНОСТА: Зад сцената на папската посета на Франција

Папамобил, претходница, протоколи за итна медицинска помош… Секое папско патување бара темелни подготовки – балансирање меѓу дипломатијата, политиката, верата и безбедноста, известува „Франс-прес“ (Agence France-Presse). Папата Лав XIV ќе престојува во Франција

Димитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во Њујорк: Економиите мора да се насочат кон долгорочен раст заснован на продуктивност

23 септември 2026 година, Њујорк – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествуваше на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, организирана во рамки на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“

(ВИДЕО) Трамп се фалеше, а Макрон остро возврати „ВРАЌАЊЕ НА ЗАКОНОТ НА ЏУНГЛАТА“

Францускиот претседател Емануел Макрон ги оспори тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека обезбедил мир во Појасот Газа, велејќи дека и покрај прогласениот мир во енклавата, не е повторно отворен никаков хуманитарен
Go toTop