Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека, според неа, нема ништо да се загуби ако се внесат Бугарите и другите народи во Уставот.
Коментирајќи за постапката за внесувањето во Уставот, кажа дека „не треба да им се попречува на младите и на другите граѓани да им биде полесен животот со тоа што државата ќе влезе во ЕУ“.
За граѓаните да разберат, треба да знаеме друго. Да се нагласи дека Македонија е држава на македонскиот народ и на сите останати народи кои се наведени во Уставот. Лошо би било кога Македонија е држава на македонскиот или на бугарскиот народ, тогаш да. Но ние кога имаме во самиот Устав дека ова е држава на Албанци, Срби, Власи, Бошњаци и другите, што губат граѓаните ако бидат внесени и бугарскиот народ? Можеби поради што односите меѓу двете земји е таков, но лично мое мислење е да не се блокира државата, ниту да им се попречува на младите и на другите граѓани. Што се губи тука? Во овој момент нема ништо спорно ниту ништо противуставно да може да се попречи измената на Уставот, рече Кацарска.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.