За кандидатурата Пендаровски ќе одлучи следната недела

February 22, 2024
1 min read

Окружена со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова денеска истакна дека покрај 30 пратенички гласови, ќе ја официјализира кандидатурата и со собирање на граѓански потписи. Силјановска најави радикални промени во системот, бидејќи, како што вели, без нив нема да зачекориме напред. Таа додаде дека заложбата за Европската Унија е само реторика, ако нема стандарди во секоја област, од човекови права, до економија.

„Време е за женска димензија во политиката. Време е за консензус, без оглед на партиска, етничка, верска и друга припадност. Ако градиме консензус, а јас се обидував овде тоа да го правам, ќе бидеме посилни кон надвор“, рече Давкова.

Социјалдемократите пак, потврдија дека раководството на партијата дава поддршка за актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски. Откако неговото име ќе ги помине партиските филтри, се очекува последниот збор да го има Конгресот закажан за трети март.

„Стево Пендаровски е поддржан за кандидат за претседател на државата. Оваа поддршка на раководството ќе се најде и пред партиските тела, Извршниот и Централниот одбор, а во наредните денови ќе следат и средби со нашите традиционални коалициски партнери“, рече Богданка Кузеска – портпарол на СДСМ.

Од кабинетот на Пендаровски за Алсат информираа дека за наредните постапки јавноста ќе ја информира следната недела. Инаку, на избирачкото ливче за претседател веројатно ќе се најде и актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски. Од неговата партија „ЗНАМ“ најавија дека од утре започнуваат со собирање на 10.000 потписи.

„На Македонија ѝ е потребен татко на нацијата, чувар на идентитетот и заштитник на историјата“, рече Никола Мемов – портпарол на „ЗНАМ“.

Во претседателската трка се очекува да влезе и граѓанската активистка Мерсиха Смаиловиќ, како кандидат на Бошњачкиот демократски сојуз. Вчера кандидатура најави и градоначалникот на Карпош и претседател на ГРОМ, Стевче Јакимовски. На листата се очекува да се најде и професорката Билјана Ванковска, поддржана од партијата Левица. Крајниот рок за официјализирање на претседателските кандидатури е 20 март.

Лука Андреев

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Клубот Милошевски маршал артс во топ 10 клубови во Илиноис

Следно

Просечната плата во декември 39 998 денари

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop