За Јустинијановиот кодекс

December 30, 2025
2 mins read

На денешен
ден, во 537 година, во Византија стапил на сила Јустинијановиот кодекс,
главниот закон на тогашното Византиско Царство. Овој документ е еден од
најважните историографски извори за историјата на правото. Со него бил обединет
правниот систем на целата територија на поранешното Царство и било овозможено
поефикасно судско управување.

Законот, со
некои мали измени, важел сè до крајот на Византиското Царство и падот на
Цариград во 1453 година. Оригиналниот документ повторно бил пронајден во 13 век
во Болоња, што привлекло големо внимание кај многу правници од доцниот среден
век. Потоа станал основа на правните системи на многу европски земји, сè додека
не бил заменет со народни устави во 18 и 19 век.

Потребата
од нов закон во доцната антика

Кодексот бил
еден од првите потези на царот Јустинијан. Царот бил многу добро запознаен со
правото и сакал со својот кодекс да ја обедини судската управа во целата
држава. Пред него, секој регион имал посебни правила и закони, што Јустинијан
го сметал за варварско и истакнувал дека на државата ѝ е потребен закон што ќе
важи за сите поданици.

Јустинијан
станал византиски цар во 527 година, а кодексот стапил на сила дури седум
години подоцна. Законот не го донел самиот Јустинијан, туку станувало збор за
еден од најголемите проекти на Византиското Царство, во кој учествувале важни
аристократи и правници од Илирик на запад до Левантот на исток. Тие со години
собирале информации за законите низ целата држава, со цел конечниот правен
документ да биде прифатлив за сите.

Codex
Iuris Civilis

вовел нови правни практики

Законот ги
дефинирал темелите на византиската држава: ги опишал овластувањата на царот
Јустинијан и неговите наследници, пропишал рамка за најразлични договори (од
трговски и банкарски до меѓународни), а исто така и казни. Треба да се напомене
дека граѓаните на Царството биле заинтересирани за новиот законик бидејќи тој
дефинирал и одредени нивни права.

Codex
Iuris Civilis
го
потврдил правото на приватна сопственост и го уредил наследувањето. Со тоа
Јустинијан ѝ угодил на византиската аристократија, која потоа го поддржала во
создавањето на документот. Законот исто така ја штител христијанската вера,
криминализирајќи пагански практики и еретички групи. Црквата добила и попис на
својот имот, а државата ѝ гарантирала право на власт над манастирите и другите
сакрални институции.

Ги
дефинирал правата на жените и робовите

Од
перспектива на 21 век, кодексот е особено интересен поради заштитата на правата
на жените. Јустинијан со овој документ станал најголемиот „феминист“ на своето
време, бидејќи на жените им дал право на наследство кога немало директна машка
линија. Покрај тоа, државата издвојувала средства за поддршка на вдовиците кои
ги задржувале куќите од своите сопрузи и добивале помош од посебен фонд за
вдовици. Законот исто така забранувал присилна мажачка.

И робовите
го дочекале законот со радост, барем оние што знаеле да читаат. Со законот бил
поедноставен процесот на ослободување на робови, правејќи го подостапен и
формално признаен. Исто така биле пропишани казни за оние што ги
злоупотребувале робовите.

Јустинијан
прецизно ги дефинирал и причините за развод на брак, наведувајќи прељуба,
злоупотреба или напуштање како доволни причини за поништување на бракот. Иако
добивал критики од верските кругови, овој закон бил одобрен од мнозинството
граѓани на Цариград, а неговиот углед пораснал.

Јустинијановиот
кодекс стапил на сила на 30 декември 534 година. Иако во тоа време неговите
генерали веќе војувале во Персија и северна Африка, по издавањето на кодексот
Јустинијан целосно се посветил на својот втор голем план – реставрацијата на
Римското Царство. Иако често го паметиме по надворешната политика и војните,
византискиот цар најголем белег оставил токму во историјата на правото. Некои
од неговите закони се применувале дури и во раниот нов век, кога продолжиле да
бидат релевантни.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јувентус позајмува од Вест Хем

Следно

Ентони Хопкинс за зависноста: Премногу се забавував, за малку ќе загинев

Latest from Blog

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,

ММФ: Војната во Иран ја поттикнува инфлацијата и ги загрозува синџирите на снабдување

Во блог објава, ММФ го опиша конфликтот како „шок“ кој е „глобален, но асиметричен“ и кој дејствува главно преку три канали: цените на енергијата, трговијата и финансиските услови. Нарушувањето на снабдувањето со

ПРАВДАТА СЕ ВРАЌА ВО ЈО: Обвинителот Цветановски се враќа на работа, предметот за Хајрулахи укинат

Обвинителот Јован Цветановски се враќа на својата функција, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување. На истата седница Советот го

Ѓорѓиевски најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје. „Денес започнавме широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел побезбеден, поуреден и
Go toTop