За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина

April 19, 2024
1 min read

За еден месец на подрачјето на Националниот парк Шар Планина изгореле над 400 хектари, а од тоа најголема површина е зафатена во само два пожари над село Селце, кои траеја шест дена, информираа денеска од НП Шар Планина.

Како установа потрошиле 80 илјади денари материјални средства, а штетите по изгубена дрвна маса и друга вегетација сè уште не се пресметани. Не се калкулирани трошоците на другите државни институции. Иако најчесто пожарите се случиле во близина на населени места и приватни имоти, во само неколку исклучоци локалното население и сопствениците излегле да ги заштитат шумите од пожари.

– Зимата е пократка, летото е подолго и симптоматично е што пожарите се појавуваат со поголем интензитет и почесто. Очигледно е дека условите се менуваат, а за справување со вакви екстреми немаме модел затоа што се потпираме на искуства. Јавната Установа Национален Парк Шар Планина е релативно нова институција и токму на самите почетоци е вистинско време да се прилагодиме да не се фокусираме само на досегашните искуства, туку да се фокусираме и на тоа што може да се случи, истакна на прес-конференција Ибрахим Дехари од НП Шар Планина.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Руси поставија светски рекорд со скок со падобран

Следно

Вучиќ на годишнината од Бриселскиот договор: Единаесет години лаги и терор, без формирање на ЗСО

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop