За да се дистанцира од Русија: Украина ќе го слави Божиќ на 25 декември наместо на 7 јануари

July 28, 2023
1 min read

Со одлуката за да го празнува големиот христијански празник на 25 декември, Украина ја напушта групата од десетина земји во кои православните цркви го одбележуваат Божиќ на 7 јануари според стариот црковен календар – јулијанскиот, меѓу кои е и Северна Македонија

Одбележување на Божиќ во Украина / Фото: EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Украина реши да го помести Божиќ и отсега наместо на 7 јануари ќе го слави на 25 декември – потег што се толкува дека е направен за дистанцирање од Русија.

Претседателот Володимир Зеленски го потпиша законот откако пред две недели беше усвоен во парламентот, а неговата цел е „да се напушти руското наследство на наметнатите божиќни прослави“.

Покрај Божиќ, со истиот закон се поместуваат и одбележувањето на Денот на украинската државност – од 28 јули на 15 јули, како и Денот на бранителите кој се одбележува во сеќавање на ветераните на вооружените сили – од 14 на 1 октомври.

Со поместувањето на Божиќ, се смета дека Украина сака да се дистанцира и од влијанието на моќната Руска православна црква, која имаше авторитет над украинската. Меѓутоа, во 2019 православната црква на Украина доби автокефалност од Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Со одлуката да го празнува големиот христијански празник на 25 декември, Украина ја напушта групата од десетина земји во кои православните цркви го одбележуваат Божиќ на 7 јануари, меѓу кои е и Северна Македонија.

На 7 јануари Божиќ се празнува според стариот црковен календар – јулијанскиот, додека на 25 декември е според грегоријанскиот. Меѓу православните цркви од нашето опкружување кои го слават Божиќ според грегоријанскиот календар се и бугарската и грчката.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чаир е опасна населба, вели пријател на избодениот Бугарин во Скопје

Следно

Македонска вечер на „КоторАрт“: Камерниот оркестар „Профундис“ заедно со пијанистка Ема Попивода настапуваат во Црна Гора

Latest from Blog

Изет Меџити го реализира ветеното: „Цветан Димов“ тргнува кон изградба

Советниците на коалицијата ВЛЕН во Советот на Град Скопје ја изгласаа одлуката со која големиот инфраструктурен проект на улицата „Цветан Димов“ во Општина Чаир доби зелено светло за реализација. Со ова, проектот

Проданоски: Гласот на граѓаните е водилка за развојот на Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека секоја одлука и секој чекор на локалната самоуправа произлегуваат директно од потребите, идеите и очекувањата на граѓаните. Според него, вистинскиот развој на градот е

Косио: Куба е подготвена на „смислен“ дијалог со САД, но не и за промена на уставниот поредок

– Не сме подготвени да разговараме за нашиот уставен поредок, исто како што претпоставуваме дека САД не се подготвени да разговараат за својот уставен поредок, политички систем или економска реалност, наведе Косио.

Косио: Куба е подготвена на „смислен“ дијалог со САД, но не и за промена на уставниот поредок

– Не сме подготвени да разговараме за нашиот уставен поредок, исто како што претпоставуваме дека САД не се подготвени да разговараат за својот уставен поредок, политички систем или економска реалност, наведе Косио.

Петрушевски: Лицата кои повикуваа на тепање и убивање на протестите против „Безбеден град’’, активно вклучени во кампањата на СДС и Спасовски (ВИДЕО)

Лицата кои деновиве повикаа на тепање и убивање на полициски службеници, поради желбата да возат без возачки дозволи, поради проектот „Безбеден град’’, биле активно вклучени во кампањата на Оливер Спасовски, што може
Go toTop