„За 12-15 месеци готова салата Партизан во Чаир“: Ганиу вели средствата ги одвои Владата и министерството за спорт

January 6, 2025
1 min read

Салата Партизан во Чаир со години е демолирана и неупотреблива.
Неодамна таму имаше фрлено ѓубре од непознати лица.
Сега сметот е отстранет, како што вели градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, а започнати се работите за санирање на салата.
Ганиу вели дека финансиските средства се издвоени од Владата и Министерството за спорт, а вкупниот проект со ДДВ ќе чини 100 милиони денари.

-Ова е прва фаза на која се работеше и од овој објект се отстранети околу 170 кубни метри отпад. Така, во оваа фаза од буџетот на Владата се издвоени средства за изминатата година, 25 милиони денари со вклучен ДДВ, а во следните две години ќе бидат издвоени 37 милиони денари, односно и од Министерството за спорт, кое е под капата на Владата, изјави градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.

Додека бевме таму не се работеше поради празникот, но Ганиу рече дека другите денови интензивно работат и се очекува салата да биде готова за неполни 2 години.

-Изведувачот има договор со кој мора да ја заврши работата за 24 месеци, но од нив добивме ветување дека ќе го завршат многу порано бидејќи интензивно работат и затоа очекуваме се да биде завршено во рок од 12 до 15 месеци за оваа спортска сала, изјави градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.

Инаку, пред неколку дена заедно со Гани оваа сала ја посетија министерот за спорт, Борко Ристевски и заменик министерот Сафије Садики Шахини.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

ВЛЕН: ДУИ нон грата продолжува да ја потценува интелигенцијата на нашите граѓани кои ја казнија оваа застарена корумпирана каста

Следно

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова: Божиќ ја симболизира животворноста на верата и надежта, како суштински за човековата природа

Latest from Blog

Министерството за спорт ќе ја поддржи јубилејната академија на ПК „Љуботен“

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претставниците на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, кој годинава одбележува импресивен јубилеј – 100 години од своето формирање. ПК „Љуботен“ претставува најстар активен

„THE RED APPLE“ -Зохран Мамдани со срп и чекан на насловната на New York Times

На насловната страница на денешниот „Њујорк пост“ пишува: „Социјалистот Мамдани ја доби градоначалничката трка. Црвено јаболко“. Во позадина, Мамдани е прикажан како држи чекан и срп, додека на небото над облакодерите се

Бојан Бојковски е нов претседател на Советот на Општина Битола

На конститутивната седница на Советот на Општина Битола, за нов претседател беше избран Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движењето ЗНАМ, а Бојковски беше единствениот предложен
Go toTop