Wolt+ стартува и во Македонија: „Нула денари достава“ со месечна претплата

November 11, 2025
2 mins read

Скопје, 11 ноември 2025) – Wolt ја активира претплатничката услуга Wolt+ во Македонија, наменета за корисници кои нарачуваат храна, намирници и производи од локалните продавници присутни на платформата. Со Wolt+, сите нарачки од партнерите обележани со W+ во апликацијата се испорачуваат со нула денари надомест за достава. Месечната претплата изнесува 199 денари, со можност за годишен пакет по намалена цена, а новите корисници можат да го пробаат сервисот бесплатно во период од два месеци.

Нула надомест за достава кај W+ партнерите кои се квалификуваат, транспарентни минимални износи, двомесечен бесплатен пробен период и можност за откажување во секое време директно во апликацијата.

За корисниците кои почесто нарачуваат, Wolt+ се „исплатува“ со околу 2–3 нарачки месечно, според вообичаените трошоци за достава. Платформата со W+ ги обележува рестораните и продавниците кои се наоѓаат на растојание до 5км од корисникот на апликацијата, а минимален износ во  кошничката е 350 денари за ресторани, 350 денари за продавници и 700 денари за намирници. По активирање на претплатата, корисникот во апликацијата веднаш може да види кои партнери се означени со W+. Апликацијата овозможува претплатата да се откаже во секое време преку корисничкиот профил. Wolt+ се обновува автоматски, а со членството можете да го управувате или да го откажете во секое време од табот Wolt+ во вашиот профил.

Wolt+ е осмислен со јасна корист за потрошувачите, како намалување на вкупните трошоци за достава за оние кои нарачуваат почесто, со едноставни правила видливи во апликацијата и транспарентни услови за откажување.

Но, бенефитот од платформата го чувствуваат и партнерите – рестораните и продавниците кои немаат потреба да инвестираат во сопствена онлајн продавница, а стигаат до многу поголем број потрошувачи. Платформата ја зголемува видливоста на малите бизниси, а со тоа и бројот на нивни потрошувачи. Сега со обележувањето на рестораните, маркетите и специјализираните продавници со W+ значка се зголемуваат и можностите за ексклузивни понуди за потрошувачите. Со приклучување на Wolt+, корисниците откриваат повеќе омилени места што се во околината, што за партнерите значи почести посети од потрошувачи и повисока фреквенција на нарачки.

„Со Wolt+ сакавме преку намалување на трошоците за достава на корисниците на платформата Wolt да им овозможиме уште поудобно и подостапно искуство при нарачување. Најголеми придобивки имаат оние што користат почесто, но и повремените корисници остваруваат значајни заштеди. Во повеќето случаи, членството се исплатува по само две до три нарачки месечно. Бенефитот не е само за потрошувачите, рестораните и продавниците добиваат поголема видливост и повисока побарувачка. Нашите партнери се задоволни и веќе забележуваат значителен пораст на нарачките,“ изјави Ѓорѓе Давидовиќ, генерален менаџер за Србија и Wolt Македонија.

Претплата важи само за државата каде е купена претплатата, а правилата, минималните износи и опсезите може да се ажурираат во секое време. Сите детали  важечките услови се достапни во апликацијата и на веб-страницата на Wolt.

Wolt е технолошка компанија со седиште во Хелсинки, со мисија да донесе радост, едноставност и заработка во соседствата ширум светот. Wolt развива платформа за развој на локалната економија која ги поврзува луѓето што сакаат да нарачаат храна, намирници и други производи со луѓе заинтересирани да ги продаваат и испорачуваат. Wolt е основан во 2014 година и во 2022 се здружи со DoorDash, кој во 2025 година ја заврши аквизицијата на Deliveroo. Денес, Wolt е дел од DoorDash семејството и работи во повеќе од 30 земји.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Колку поблиску до правдата, толку повеќе Данела Арсовска ќе е бучна и нервозна

Следно

Крем супа од брокула и карфиол

Latest from Blog

Кејт Винслет за јавното исмевање на изгледот: Водител ме навреди на црвениот тепих за фустанот

Добитничката на Оскар забележа дека младите луѓе денес „опсесивно бркаат недостижен идеал за совршенство само за да добијат повеќе лајкови на Инстаграм“, додавајќи дека е длабоко вознемирена од ова. „Тоа е разорно“,

Планинар тргнал кон врвот на највисоката планина во Јапонија во 2 часот наутро, доживеал шок (ВИДЕО)

Видеото е објавено на TikTok, каде што брзо „собра“ над 1,1 милион прегледи, а е снимено на планината Фуџи, светиот симбол на оваа земја. „Кога мислиш дека си посебен“ Авторот на видеото

Венецуелскaта добитничка на Нобелова награда му ја посвети наградата на Трамп – не може да ја подигне поради забрана за патување

Норвешкиот Нобелов институт ја откажа планираната прес-конференција со овогодинешната добитничка на Наградата за мир, Венецуелката Марија Корина Мачадо, поради нејзината забрана за патување. Мачадо е предмет на децениска забрана за патување воведена

Петрушевски: Идеолошката профилација на ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон борба против илегалната миграција, а не либерализација на мигранти

Согласно идеолошката профилација на ВМРО-ДПМНЕ, партијата е насочена кон борба против илегалната миграција, а не либерализација на мигранти, рече пратеникот Бране Петрушевски, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. Во
Go toTop