Новоизбраните градоначалници во општините на северот на Косово, кои доаѓаат од редовите на албанската заедница, треба да положат заклетва и да влезат во своите нови канцеларии, кои најчесто се наоѓаат во зградите на привремените општински власти кои работат во рамките на српскиот систем
Локалните избори во четири општини на северот на Косово – Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан, се одржаа на 23 април. Србите, кои се мнозинство, ги бојкотираа, па од над 45 000 граѓани со право на глас, излегоа само 1 567 гласачи или 3,47 отсто. Официјален Белград не ги признава резултатите од одржаните избори, за кои вели дека се „антидемократски и нелегитимни“
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ги моли Србите на Косово да го зачуваат мирот. Изјавата на Вучиќ доаѓа пред полагањето заклетва на градоначалниците во четири општини на северот на Косово кои беа избрани на локалните избори што се одржаа минатиот месец.
„Ги молам Србите да го зачуваат мирот, а овие (градоначалници) никогаш нема да бидат прифатени за градоначалници. Ова е изживување и обид да се изврши притисок врз Србите да го напуштат своето огниште“,
рече Вучиќ.
Избраните градоначалници се очекува утре да ги положат заклетвите, рече српскиот претседател.
„Се очекува утре. Ќе се обидат да одржат конститутивни седници во зграда во (северна) Митровица и да изберат лажни градоначалници, со поддршка на Квинта (петорката земји: САД, Италија, Германија, Обединетото Кралство и Франција), избрани на лажни избори“,
изјави Вучиќ за новинарите во Нови Сад, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.
Новоизбраните градоначалници во општините на северот на Косово, кои доаѓаат од редовите на албанската заедница, треба да положат заклетва и да влезат во своите нови канцеларии, кои најчесто се наоѓаат во зградите на привремените општински власти кои работат во рамките на српскиот систем.
Српскиот претседател денеска, исто така, изјави дека ден претходно имал конференциска врска со високиот советник на Стејт департментот на САД, Дерек Шоле, со американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, и со американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, на кој била констатирана, како што изјави Вучиќ, тешката и тензична состојба на северот на Косово.
Локалните избори во четири општини на северот на Косово – Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан, се одржаа на 23 април. Србите, кои се мнозинство, ги бојкотираа, па од над 45 000 граѓани со право на глас излегоа само 1 567 гласачи или 3,47 отсто.
Официјален Белград не ги признава резултатите од одржаните избори, за кои вели дека се „антидемократски и нелегитимни“. На бојкот повика најголемата партија на Србите на Косово – Срспка листа, а бојкотот беше поддржан и од официјален Белград.
Изборите следуваа откако овие општини останаа без градоначалници од ноември минатата година, кога српските претставници поднесоа оставки од своите функции поради несогласување со одлуката на владата во Приштина да ги пререгистрира автомобилите со српски таблички.
Ден по изборите Европската Унија оцени дека тие биле одржани во согласност со законската рамка на Косово и дека се направени обиди тие да поминат без проблеми. Сепак, според ЕУ, тие не нудат долгорочно политичко решение за четирите општини, кое, како што соопшти тогаш Европската служба за надворешни прашања (ЕЕАС), е можно само со трајно враќање на косовските Срби во институциите.
Од Амбасадата на САД во Косово, по изборите излегоа со став дека тие се одржале во согласност со Уставот и законите на државата и изразија жалење што сите партии не го искористиле своето право на учество.
Извор: 360stepeni.mk