Вучиќ прогласи убедлива победа на изборите во Србија

December 17, 2023
1 min read

За да не ве мачиме, ќе ве информирам за правецот и политиката на Србија бидејќи нашите листи убедливо победија пред останатите кандидати, и на ниво на Србија и во градот Белград, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференција во седиштето на неговата партија СНС

Вучиќ кажа дека според прелиминарните резултати во Белград, листата „Србија не смее да запре“ несомнено освоила најголем број на гласови, иако опозицијата обвинувала за изброни нерегуларности и иако се надевале дека барем таму тие ќе бидат победници. Кога станува збор за покраниското собрание на Војводина кое брои 120 пратеници, партијата на Вучиќ, според него, освоила апсолутно мнозинство односно од 67 до 69 во зависност од финалниот исход.

„На второто место се најде листата Србија против насилство, со 28 спрема 29, што значи двојно повеќе гласови и пратеници. Третопласирана е СВМ со 9 мандати, СПС со 7 мандати, НАДА со 6 мандати и некоја руска партија со 1 мандат во Војводина“,

рече Вучиќ.

Кога станува збор за предвремените парламентарни избори, тој кажа дека на примерок од 76%, неговата листа добила поддршка од 46,5% од граѓаните, „Србија против насилство“ – 23,5%, Социјалистите на Дачиќ, 6,5%, „Надеж“ – 4,9%, партијата на д-р Несторовиќ – 4,7%. Според Вучиќ, листата „Србија не смее да запре“ сигурно ќе има над 127 мандати во Собранието.

Претходно, и премиерката на Србија и повереникот на одборот на белградското крило на СНС, Ана Брнабиќ во обраќањето од штабот на партијата кажа дека нивната партија е убедлив победник и дека победата е поголема од очекувањата.

Поради поголемата излезеност во градот Белград, опозициската листа „Србија против насилство“ смета дека постојат реалистични шанси клучот на градот да им припадне ним.

„Затоа што излезноста на избирачките места каде нашата коалиција на минатите избори оствари добар резултат, порасна. А, на избирачките места каде СНС минатите избори имаше голема подрршка, излезноста падна“,

рече Пеџа Митровиќ од изборниот штаб на „Србија против насилство“.

Претседателот на Социјалдемократската партија Борис Тадиќ вечерва ги повика сите опозициски партии заеднички да поднесат кривична пријава против организаторите на, како што наведе, „незаконското гласање на граѓаните од соседните држави“. Тадиќ на социјалната мрежа Х повика на заедничко поднесување кривична пријава против службениците во МВР кои „незаконски прифатиле измени во пријавувањето на живеење на државјаните на соседните држави, со цел да се влијае на конечниот резултат на избори“.

По вторпат во изминатите две години гласачите во Србија излегоа на парламентарни избори да одлучуваа за идното свикување на собранието, а според првичните резултати победата ја извојува Српската напредна странка со коалиционите партнери, јавија белградски медиуми. Како што претходно објавија медиумите во Белград, претставници на опозицијата и дел од граѓаните тврдат дека во Штарк арената во Белград масовно се собираат луѓе кои биле донесени да гласаат со автобуси од Република Српска, кои потоа по списоци се распоредени на различни избирачки места.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Естонија има 4000 активни професионални војници и 200 илјади подготвени резервисти, вели Ордановски

Следно

Од утре стабилно време со пораст на дневните температури

Latest from Blog

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни

Пожарите предизвикаа судир меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, дали се намерни, или последица на високите температури?

Ситуацијата со пожарите предизвика политичка пресметка меѓу власта и опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека пожарите не настануваат сами по себе или како резултат на високите температури, туку се предизвикани од човечки фактор.

Подарени и наследени акции вредни 659 илјади евра: Стопанска и Комерцијална банка доминираат во нетрговските трансфери

Минатата недела преку нетрговски трансфери – подарување или наследство – беа пренесени 4 778 акции со вкупна проценета вредност над 659 000 евра, покажува евиденцијата на Централниот депозитар за хартии од вредност.

Русија најавува нова воена офанзива, Трамп нова софистицирана опрема за Украина

Се заострува реториката помеѓу двајцата највлијателни светски лидери Доналд Трамп и Владимир Путин откако не се постигна договор за прекин на огнот во Украина. При последниот телефонски разговор помеѓу Рускиот и Американскиот
Go toTop