Воведување мораториум за издавање, чување и носење оружје во следните две години, освен кога станува збор за ловечко оружје; ревизија на сите издадени дозволи за оружје; кривична одговорност за лицата кои овозможуваат малолетници да набават огнено оружје и обучуваат малолетници за ракување со оружје; заострување на санкциите за непочитување на обврските на давателите на медиумски услуги; вклучително и интернетот, телевизијата и социјалните мрежи, во однос на забраната за содржини што нагласуваат и поддржуваат насилство и криминално однесување, се дел од мерките што српскиот претседател ќе ги предложи до Владата
Претседателот рече дека малолентникот кој пукал ќе биде сместен на Клиниката за невропсихијатрија и дека на покажал знаци на каење за делото. За таткото на осомниченото момче, српскиот претседател рече дека станува збор за примерен лекар со чиста биографија
Денеска е еден од најтешките денови во модерната историја на нашата земја, во Србија, изјави српскиот претседателот Александар Вучиќ на вонредната прес-конференција, на денот кога уленик од 7. одделение во основното училиште „Владислав Рибникар“, во белградската општина Врачар со пиштол уби осум ученици е работник во обезбедувањето на училиштето.
Српскиот претседател на почетокот на своето обраќање на прес-конференцијата, која започна со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите, изрази сочувство до семејствата на жртвите.
„Не можеме да ги вратиме децата на нивните родители, но мора да бараме да ги погледнеме причините, да ја погледнеме одговорноста на секој од нас, да бараме решенија за да не се повтори вакво нешто, колку и да е непредвидливо, неочекувано“,
изјави Вучиќ.
Претседателот рече дека малолентникот кој пукал ќе биде сместен на Клиниката за невропсихијатрија и дека на покажал знаци на каење за делото.
Тој рече дека во случајот покрај таткото на кого му одреден 48-часовен притвор, приведена е и мајката на осомничениот малолетник. Српскиот претседател предложи старосната граница за кривична одговорност да се помести од 14 на 12 години, бидејќи според актуелниот кривичен закон, момчето кое на 13-годишна возраст не може кривично да одговара за повеќекратното убиство.
Освен оваа, српскиот претседател рече дека ќе предложи до Владата и низа други мерки кои се однесуваат на поседувањато и употребата на оружје во Србија, за да се спречи„некоја нова национална трагедија“.
Што ќе и предложи Вучиќ на Владата на Србија
Вучиќ изјави дека како претседател и предлага на Владата да размисли за намалување на кривичната одговорност на малолетниците од 14 на 12 години, што, како што наведе, ќе биде нешто околу кое ќе се „кршат копја“.
Меѓу предлозите што ги наведе српскиот претседател се:
- Воведување мораториум за издавање, чување и носење оружје во следните две години, освен кога станува збор за ловечко оружје.
- Ревизија на сите издадени дозволи за оружје
- Да се изврши контрола на начинот на кој лицата со дозволи го чуваат оружјето
- Изрекување кривична одговорност на лица кои овозможуваат малолетници да набават огнено оружје и обучуваат малолетници за ракување со оружје
- Можноста за намалување на старосната граница за кривична одговорност од 14 на 12 години, согласно меѓународните конвенции
- Заострување на санкциите за непочитување на обврските на давателите на медиумски услуги, вклучително и интернетот, телевизијата и социјалните мрежи, во однос на забраната за содржини што нагласуваат и поддржуваат насилство и криминално однесување
- Воведување на задолжителни шестмесечни тестови за дрога во средните училишта
Српскиот претседател изјави дека една од мерките што ги предлага е и зголемување на бројот на полицајци кои ќе се грижат за безбедноста во училиштата.
На прес-конференцијата тој изнесе податок дека во моментов во Србија граѓани поседуваат повеќе од 766 000 парчиња оружје, од кои 232 310 се пиштоли и револвери.
Тој изјави дека тоа „не е прашање на власта и опозицијата, туку на целото општество“.
„Дали сакаме да бидеме доволно обединети за да ги признаеме сопствените грешки, да се обидеме да ги вратиме децата во спортот, да ги тргнеме од телефонот и интернетот“,
рече Вучиќ.
Во врска со наводите дека одредни телевизиски станици се одговорни за денешниот трагичен настан, Вучиќ рече дека децата денес не гледаат телевизија, туку цел ден се на интернет.
„Децата не гледаат телевизија. Тоа не ги интересира, тоа е уред кој за нив е украс во куќата. Нам ни се најпопуларни групи кои зборуваат за убиства и глупости. Кога велам нам, не мислам само овде, тоа го имате секоја недела во други земји – САД, Русија, Нов Зеланд и други земји“,
рече Вучиќ.
Таткото на малолетникот примерен лекар, со чиста биографија
За таткото на осомниченото момче, српскиот претседател рече дека станува збор за примерен лекар со чиста биографија.
За момчето кажа дека никогаш никому не се заканувало, а молотовите коктели кои ги носело со себе планирало да ги фрли за да спречи некој друг да влезе додека не ја заврши монструозната работа. Сепак, по првиот молотов коктел се исплашил и затоа се откажал од ваквата намера.
„Тој (осомничениот малолетник) побарал од родителите и училиштето да биде префрлен од едно во друго одделение, преминал во (одделението) 7-2 , сите го избегнувале, во второто одделение имал тројца другари. Добро се снашол, родителите биле задоволни. Не може да се каже ништо за неговите родители, ниту дека се карале или се тепале, само дека постојано барале подобри резултати и дека тој давал послаби резултати откако бил заљубен“,
рече Вучиќ на прес-конференцијата.
Момчето е на посебно место
За малолетникот, кој утрово во 8.40 часот убид осум ученици и вработен во обезбедувањето во основното училиште на Врачар, српскиот претседател рече дека во моментов е на посебно место.
„Тој ќе биде сместен во посебен дел на Клиниката за невропсихијатрија. Неговиот татко е уапсен како сопственик на оружје кое очигледно несоодветно го чувал, иако ги имал сите потребни дозволи. Приведена е и неговата мајка“,
изјави Вучиќ.
Невозможно е никој да не одговара
Претседателот Вучиќ изјави дека е „невозможно никој да не одговара“ за пукањето и дека целиот случај „нема да помине така“.
„Постои кривично дело предизвикување општа опасност, но не би зборувал за тоа, тоа е за Министерството за внатрешни работи. Но, бидејќи ние Србите секогаш бараме виновник и крв, без да се прашуваме каде погрешивме сите, и што треба да промениме, тоа некако нè води до погрешни заклучоци“,
рече Вучиќ на прес-конференцијата.
Во тој контекст, тој додаде дека затоа предложил десет мерки, и дека би било добро да бидат усвоени барем пет од нив.
Поврзани вести:
- (ВИДЕО) Мајка на ученичка по масакрот во Белград: Моето дете е уште во шок, под адреналин, не можеме да го смириме
- Видов како чуварот паѓа на под, почнав да трчам – исповед на девојче што било сведок на пукањето во училиштето во Белград
- (ВИДЕО) Во пукањето во училиште во Белград убиени осум деца и чуварот – насобраните родители не можат да дојдат до децата
- (ФОТО+ВИДЕО) Со црна јакна на главата, полицијата го спроведе ученикот што пукаше во школо во Белград
- Познат идентитетот на убиецот од Врачар: Коста Кецмановиќ, кој уби најмалку шест соученици, учествувал на многу училишни натпревари
- Шестмина починати во пукањето во училиштето во Белград, учениците во шок: Сите почнаа да викаат, настана паника
- Малолетник влегол во училиште во Белград и почнал да пука, има починати и повредени
- Состојбата на ранетите во трагедијата на Врачар е подобра, вели директорот на Клиничкиот центар на Србија
Извор: 360stepeni.mk