Вучиќ: Дијалогот со Курти е целосно бесмислен, не ми паѓа на памет да разговарам додека не се ослободат уапсените Срби

June 18, 2023
2 mins read

Вучиќ најави дека поради односот кон косовските Срби, на Видовдан на мирен начин ќе преземат свои чекори за слобода, во рамките на меѓународните норми, внимавајќи на односите на Србија само со НАТО

Дадовме се од себе за да го зачуваме мирот, но колку и да се трудевме да бидеме сериозен и одговорен партнер на западните сили, тие никогаш не не гледаа така, рече претседателот Александар Вучиќ во своето денешно вонредно обраќање до јавноста.

Што се однесува до нашето политичко однесување, мислам дека секој разговор со човек кој никогаш не сакал да разговара е целосно бесмислен, рече Вучиќ.

„Не ми паѓа на памет да зборувам за не знам што, додека не се ослободат уапсените Срби“,

рече Вучиќ.

Покрај ослободувањето на уапсените Срби, Вучиќ рече дека треба да се укине бесмислената одредба да не се пуштаат камионите со стока.

„Во одреден момент тие камиони ќе поминат. Сега, за месец или два, тие камиони ќе поминат. Исто така, се разбира, морам да кажам дека ова е кршење на сите можни договори. Но, што им е гајле, никој не се потресе“,

изјави Вучиќ.

Според него, безмислено е да се разговара за било што додека лажните градоначалници не поднесат оставка и не се повлечат од север или додека специјалните косовски полициски сили не се повлечат од тие општини.

„Кога тоа ќе се реши, тогаш разговорот ќе има смисла“,

рече Вучиќ.

Тој изјави и дека ќе одлучи дали ќе учествува во дијалогот и за тоа ќе ја информира јавноста 24 часа однапред.

Пред тоа, Вучиќ ги наброја сите инциденти, пукања, апсења на косовските Срби во изминатата година, обвинувајќи го Еулекс дека „не презема, ама баш ништо, дури ни во извештаите, дека само ја следи ситуацијата“.

Тој го спомна воениот конфликт во 2001 во Македонија, настаните во Теарце, Арачиново, ОНА, дека се убиени 75 припадници на македонските вооружени сили, правејќи паралела со амнестијата која тогаш била побарана од западот.

Според Вучиќ кон Србија се води „хибридна војна“ преку Србите на Косово и нивните лидери кои се обвинуваат за криминални дејствија, и дека според западот „Србија мора да биде виновна“.

„Овде доаѓаме до суштинската одлука на западните земји, за која мораме да бидеме свесни. Тие дозволуваат пукање врз Србите, малтретирања на Србите. А, на Курти се му е дозволено, тој провоцира, сака конфликт, сака војна по секоја цена, а во тоа има заштита, лаже дека нема заштита“,

посочи тој.

Вучиќ најави дека поради односот кон косовските Срби, тие на Видовдан на мирен начин ќе преземат свои чекори за слобода, во рамките на меѓународните норми, внимавајќи на односите на Србија само со НАТО.

Тој порача „веќе никого нема да информираме, освен за подигање или спуштање на борбената готовност“.

„Освен нашите обврски кон НАТО, кои секогаш целосно ќе ги исполнуваме во согласност со резолуцијата 1244. Ќе се обидеме да го зачуваме мирот, но ги предупредуваме сите оние кои очигледно не се грижат за мирот и кои сакаат Србите да бидат малку потивки, а не толку гласно иселени од северот на Косово, што нема да се случи. Тоа е сè што треба да им кажам. Нека мислат или тврдат дека тоа е блеф, реалност, се едно ми е, вака или онака“,

рече Вучиќ. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бразил првпат во историјата носеше црни дресови – со нив играше само едно полувреме! (ВИДЕО)

Следно

Челси ќе понуди 120 милиони евра за Кварацхелија!

Latest from Blog

Коњановски: Со амбасадорката Гетцова разговаравме за збратимување со чешки град

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со амбасадорката на Република Чешка во Македонија, Ирена Гетцова, на која разговарале за продлабочување на соработката во економијата и културата, како и за

Позитивен ден на Македонската берза: Раст кај Алкалоид, Макпетрол и Комерцијална банка

Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 0,37 отсто, најголем промет со акциите на Алкалоид Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската

Божиновска: Чистата енергија и новите технологии во фокусот на лидерскиот дијалог во Брисел

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, добила покана да стане членка на Управувачкиот комитет на новата европска Мрежа на жени лидери во јавниот сектор за климатски прашања. Таа најави
Go toTop