Вучиќ: Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема

October 12, 2025
1 min read

Според него, Албанците од сите области – од Тирана, преку Приштина, до Прешево и Бујановац – „се опиени по синоќешната победа“ на албанската фудбалска репрезентација над Србија во Лесковац.

„Би сакал прославата во српските заедници во Косово и Метохија вечерва да биде малку поважна од таа прослава. Исто како што тие се радуваа синоќа со албанското знаме, за вечерва за едно поважно прашање од шутирањето на топката, луѓето да се радуваат во српските заедници“, рече Вучиќ.

Во Косово денеска се одржуваат редовни локални избори. Тоа се првите редовни локални избори по вонредните од 2023 година, што се одржаа на север во Косово, а кои беа бојкотирани од Србите, откако претходно ги напуштија косовските институции во 2022 година.

Избори за градоначалници и советници се одржуваат во 38 општини, а право на глас имаат 2.069.098 гласачи.

За градоначалник се кандидираат 206 кандидати, од кои 20 се жени, а за општински советници се кандидираат 5.420 кандидати.

На овие избори, на гласачкото ливче се вкупно 93 политички субјекти – 32 партии, две коалиции, 32 граѓански иницијативи и 27 независни кандидати.

Според податоците од Централната изборна комисија, право на глас имаат 2.069.098 гласачи.

Граѓаните можат да гласаат до вечерва во 19:00 часот во 938 избирачки центри, на вкупно 2.625 избирачки места.

На изборите учествуваат 12 српски партии и иницијативи, меѓу кои е и Српска листа како најголема српска партија во Косово. Српска листа има кандидати за градоначалници во 11 општини и кандидати за советници во 19 општини.

На север во Косово, вкупно 21 српски кандидат се натпреваруваат за функцијата градоначалник – седум во Северна Митровица, пет во Лепосавиќ, шест во Зубин Поток и три во Звечан.

Српските кандидати доаѓаат од Српската листа, Граѓанската иницијатива Север за сите, За слобода, правда и опстанок, Правда и еднаквост, Српска демократија, Ново лице – Народна правда, Српско народно движење, Обединување, ГИ Корени, Српска народна слога и Косовски сојуз, како и независни кандидати. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светското првенство нема да смени ништо: Бразил подготвува нов договор за Анчелоти

Следно

Колегите со поддршка за проф. д-р Кузмановски: Секогаш се однесувал со највисока стручност, одговорност и етичка посветеност

Latest from Blog

Битолското средно училиште „Таки Даскало“ со целосна реконструкција и модернизација

Во периодот од декември 2021 до декември 2025 година, СОУ „Таки Даскало“ во Битола доживеа значајна инфраструктурна и техничка трансформација. Со поддршка на Општина Битола и градоначалникот Тони Коњановски, реализирани се повеќе

Димитриеска-Кочоска: БДП порасна за 3,5%, економијата шест квартали по ред во позитивна зон

Растот на економијата во 2025 година е најголем показател дека политиките и во услови на неизвесност може да се креираат и да остваруваат резултати, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, осврнувајќи

Коњановски: Инвестициите во образованието и грижата за најмладите се наш приоритет

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска ја посети детската градинка „Росица 1“ во Бистрица, која е дел од установата „Естреја Овадија Мара“ Битола. Беше информиран дека во текот на изминатиот период активностите
Go toTop