Вториот американски носач на авиони тргнува кон Средоземното Море

October 12, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Вториот американски носач на авиони е упатен во Средоземното Море на „долго планирано распоредување“, соопшти Белата куќа во услови кога се очекува израелска копнена офанзива во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби, изјави дека носачот на авиони „УСС Двајт Ајзенхауер“ и неговата јуришна флота треба да почнат со распоредувањето следната недела и ќе транзитираат преку Атлантскиот Океан кон Средоземното Море.

Во моментов не се планира распоредување во Источниот Медитеран каде што САД го распоредија носачот на авиони „УСС Џералд Р. Форд“ со цел да спречи вклучување на дополнителни страни во конфликтот на окупираните палестински територии и Израел.

Кирби нагласи дека „Ајзенхауер“ ќе биде на располагање доколку е потребно“ во Источниот Медитеран, но рече дека „не се донесени никакви одлуки“.

„Не се донесени такви оперативни одлуки, но ќе се движи во таа насока, неговите придружни бродови ќе бидат со него за да биде достапен доколку затреба“, рече тој.

„Испраќаме гласна и јасна порака: Соединетите Американски Држави се подготвени да преземат акција доколку одреден актер непријател на Израел се обиде да ја ескалира или да ја прошири оваа војна. Ние, исто така, ќе продолжиме да разговараме со нашите израелски партнери за нивните потреби, да се осигуриме дека го имаат она што им е потребно за да ја одбранат својата земја и својот народ“, додаде тој.

Израелските сили започнаа силна воена кампања против Појасот Газа како одговор на воената офанзива што во саботата ја започна палестинската група на отпорот, Хамас, во Израел.

Судирот започна кога военото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, во саботата наутро започна сеопфатна операција наречена „Поплава Ал Акса“. Илјадници ракети беа истрелани од Газа кон Израел, а вооружени групи влегоа во населбите во регионот.

Групата соопшти дека операцијата е одговор на израелските напади во комплексот на џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен ал-Кудс/Ерусалим и зголемените насилства од доселениците.

Израелската војска во знак на одмазда ја започна операцијата „Железни мечеви“ против Хамас во Појасот Газа.

Тој одговор беше проширен на прекинување на водата и електричната енергија, како и на дотурот на храна и гориво за Газа, во рамките на најавената „целосна опсада“, што наметнува дополнително влошување на условите за живот во подрачјето кое е под строга опсада од 2007 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Авиосообраќајот ќе се одвива нормално, контролорите на летање го одложија штрајкот

Следно

Сообраќајна несреќа во Хрватска: Загина македонски државјанин

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop