Втор уписен рок на Факултетот за ветеринарна медицина

September 16, 2024
1 min read

Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМС) ги отвора вратите за идни студенти кои сакаат да се приклучат на една од најблагородните професии – доктор по ветеринарна медицина. Вториот уписен рок ќе се одржи од 17 до 18 септември 2024 година.

Од Факултетот истакнаа дека ветеринарната медицина е клучна за благосостојбата на животните, луѓето и животната средина.

„Државата има потреба од млади луѓе кои по завршувањето на студиите ќе ги применат своите знаења во ветеринарната пракса, прехранбената индустрија, инспекциските служби и многу други сектори. Факултетот нуди програма која ги следи најновите достигнувања во ветеринарната наука, а преку соработките со странски институции, студентите имаат можност за клиничка пракса и мобилност во странство.“, велат од ФВМС.

Студентката Тамара Танкоска, која е на петта година на студиите, ги охрабрува сите идни студенти да се запишат на ФВМС.

„На нашите идни колеги им посакувам да го дадат најдоброто од себе во изучувањето на ветеринарната медицина. Низ истрајност и посветеност, можат да станат дел од малиот процент луѓе во светот кои ја изучуваат оваа посебна и несекојдневна наука. Ветеринарната медицина не е само професија, тоа е начин на живот кој бара постојано учење и усовршување“, вели Танкоска.

Таа истакнува дека студиите на ФВМС нудат извонредна комбинација од теоретско и практично знаење, кое се надградува преку клиничката пракса и можностите за соработка со професионалци од индустријата. „ФВМС не само што нуди солидна теоретска основа, туку и огромна практична поддршка преку клиничка работа“, додава таа.

Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје има квота до 50 места за студии на македонски јазик и до 15 места за студии на англиски јазик.

За повеќе информации за конкурсот и за пријавување, посетете го линкот за конкурсот. : https://fvm.ukim.edu.mk/…/07/Konkurs_I_ciklus_-2024-25.pdf

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари: До крајот на годината трајни вработувања за половина од здравствените работници со договори

Следно

Стојаноски: Добрите економски односи меѓу Македонија и Германија продолжуваат и во иднина

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop