Врие пазарот од мед за „мераклии“! – Инспекторатот спие, чекаат приговори и поплаки

February 26, 2025
1 min read

Дали сте слушнале за медот кој ја зголемува потенцијата и го стимулира либидото кај двата пола? Можете да го најдете насекаде низ Македонија, на црниот пазар! ТВ21 посети една од областите каде што лесно може да се најдат такви производи, сомнителни за здравјето.

Старата скопска чаршија е епицентарот на нелегалната продажба на овие несертифицирани производи, без сертификат и без декларација за нивната содржина. Иако на продажните места се продаваат како билни масла, чаеви и разни медови за слабеење и стимулација, тие не се сертифицирани и се опасни по здравјето на луѓето“, вели репортерот на ТВ21.

Се продаваат како додатоци за исхраната, но всушност лабораториските испитувања откриваат дека се работи за хемикалии и супстанци кои можат да доведат и до смрт. Истражувањето на „Инсајд21“ откри разни пакувања без декларации за содржина, производи кои не смеат да се продаваат во козметичко-прехранбени продавници, освен во лиценцирани аптеки и со лекарска препорака.

Но среде скопската чаршија има поставени тезги со вакви производи. Првично никој не седи до тезгата освен ако некој купувач не се доближи. Еден од продавачите не сакаше да зборува пред камера но ни раскажа дека овие производи се меѓу најбараните.

Имаме и неколку работи за потенција, целосно био, нема нешто забрането…“

Од каде доаѓаа медот или што се?

Генерално доаѓа од Турција, има и од Пакистан и Индија, дел и ние самите пакуваме, ова е нашата компанија 4N-Bio-Style,  има шампони од Тајланд“.

Дали се со декларација?

Дали може да отвориме едно да видиме како изгледа?

Не знам кое, еве овие се проверени, пакетирани“.

Дали се напишани и на македонски?

Не, овие доаѓаат од Турција“.

Додека овие пакети доаѓаат од разни држави, се поставува прашањето како поминуваат на Царина и зошто не се спречуваат?

Од АХВ се свесни за ваквите продажби на пазарот, козметичко-прехранбени продавници, „Секс Шопови“ но и онлајн. Во рамките на АХВ има сектор за истрага на измами, кои излегуваат на терен по одредена констатација или пријава од правен субјект или физичко лице, но не делуваат за целосно уништување од црниот пазар.

Побаравме објаснување и од Пазарниот инспекторат зошто не преземаат акции за отстранување на овие производи. И покрај тоа што на нивна надлежност е токму работењето на правните и физичките лица кои продаваат производи на црно без декларации, велат дека акцијата треба да биде во координација со АХВ, кои се надлежни за квалитетот и безбедноста на прехранбените производи.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Штипски ученици ја одбележаа борбата против булингот со марш во розеви маички

Следно

Меџити: Гасификацијата ќе го ублажи загадувањето за 50 до 70 %

Latest from Blog

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Каков е животот во најрелаксираниот град во светот?

Холандскиот град Ајндховен е прогласен за најрелаксиран град за живеење во светот. Според анкетата спроведена од компанијата за дигитални финансии „Ремитли“, овој потценет европски град е прогласен за најрелаксирано место за живеење

Мистериозна ЖЕНА ВО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop