Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно – во западните делови ќе има повремен локален дожд

May 17, 2025
1 min read

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0 С)

5 Попова Шапка, 7 Лазарополе, 9 Крушево, Маврови Анови, 14 Прилеп, Берово, 15 Битола, 16 Тетово, Охрид, Претор, 17 Крива Паланка, 18 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Велес, Штип, Кавадарци, 20 Скопје-Петровец, Демир Капија, 21 Струмица, Гевгелија.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 9 часа до 17 часот (во l/m 2 )
3 Лазарополе, 2 Крушево, 1 Охрид, Прилеп, Пожаране, Тополчани, Попова Шапка.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Променливо облачно со сончеви периоди. Повремен локален дожд со слаб
интензитет имаше во западните делови. Дуваше слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Променливо облачно, во западните делови ќе има повремен локален дожд. До крајот на денот облачноста постепено ќе се намалува. Во текот на ноќта во југозападните делови ќе се задржи умерено облачно, а во останатите ведро. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ
Утрото претежно ведро и посвежо, преку денот сончево со мала до умерена
облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Следува период на топло време со пораст на дневните температури. Во следната седмица во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

К-15 одржаа спектакуларно шоу во живо за нивниот 30-годишен јубилеј

Следно

Лос Анџелес и Клуб Америка за последното место на Светското клупско првенство

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop