„Време да се запре страдањето“

October 6, 2024
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш изјави: „Неопходно е да се фокусираме на страшните настани што се случија на 7 октомври“ и посочи дека животите на луѓето во Газа се уништени и од тој ден трпат страшни болки, известува Анадолу.

Гутереш објави видео порака по повод 7 октомври.

Наведувајќи дека меѓународната заедница треба да ги осуди „страшните активности на Хамас“, Гутереш истакна и дека треба да се фокусираат и на настаните што се случија по 7 октомври.

Гутереш истакна дека се солидаризира со жртвите и нивните роднини.

„По 7 октомври избувна страшен бран на насилство“ вели во пораката Генералниот секретар на ОН и истакна дека нападите што Израел ги започна по 7 октомври ги уништија животите на жителите на Газа, изложувајќи ги на страшни страдања.

Наведувајќи дека сега либанскиот народ е подложен на болка и страдања, Гутереш продолжи со зборовите:

„Време е да се ослободат заробениците, да замолчи оружјето и да се запре болката што го опкружува регионот. Сега е време за мир, меѓународно право и правда“.

Нагласувајќи дека не треба да се откажеме од активностите за трајно решение за Израел, Палестина и останатите земји, Гутереш посочи дека само на тој начин земјите од регионот можат да живеат заедно во мир, достоинство и почит.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Детален преглед: Каква е состојбата на патиштата ширум Македонија?

Следно

Во БиХ денеска се одржуваат локални избори, освен во пет општини на ФБиХ поради поплавите

Latest from Blog

МЗШВ: Нема привилегирани и заштитени, секој што се огрешил и ја злоупотребил функцијата, ќе одговара

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најостро го осудува секое незаконско постапување и противправно дејствување, вклучително и последниот случај со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, велат во соопштение од ресорното министерство.

По деценија пауза – Жолтата боја се враќа: ФФМ го претстави новиот дрес на фудбалската репрезентација

Фудбалската федерација на Македонија преку социјалните мрежи го најави новиот дрес на македонската репрезентација, со кој националниот тим ќе настапи во претстојните плеј-оф натпревари за Светското првенство. Во објавата на Фудбалска федерација

Репрезентацијата доби нов изглед – ФФМ ја врати жолтата боја

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги претстави новите дресови на македонската фудбалска репрезентација, со кои националниот тим ќе настапи во претстојните плеј-оф натпревари за Светско првенство. По повеќе од една деценија, во

Димитриеска-Кочоска: Нашиот фокус останува стабилен буџет и редовно сервисирање на обврските

20 март 2026 година, Скопје- Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во вчерашното интервју за Дневникот на Македонска радио-телевизија истакна дека во услови на глобална неизвесност се можни одредени корекции на буџетските проекции,
Go toTop