Вреди: Време е ДУИ да направи вистински ветинг – почнувајќи од Бујар Османи, најдобриот другар на Артан Груби

February 24, 2025
1 min read

Од коалицијата Влен велат дека време е ДУИ да направи вистински ветинг.

„ДУИ продолжува да се обидува да ја излаже јавноста со нивните лажни ветувања за ветинг и „внатрешно прочистување“. Но, ако навистина сакаат да се борат против корупцијата, нека започнат од Бујар Османи – човекот што чудно беше заштитен од судска одговорност.

ДУИ, при ветингот, нека провери кој го спаси Бујар Османи од судска разрешница. Предметот кој го покрена СЈО против него мистериозно заврши без судска постапка! Кои се тие што го штитеа и зошто институциите молчат? Кој му помогна да се извлече од обвиненијата за корупција и злоупотреба на функцијата? На кого му должи Бујар за својата слобода, тоа треба да одговори ДУИ.

ДУИ, при ветингот, нека провери како Бујар Османи се снаоѓа со својот непотизам. Во Министерството за надворешни работи кадрите не се избираа според професионални критериуми, туку според лични врски со Бујар Османи и неговиот другар Артан Груби. Вработени се пријатели, роднини и другари, а не  стручните и квалификуваните кадри.

ДУИ, при ветингот, нека ги провери и тендерите за партиските фирми кои ги доделуваше Бујар Османи. Министерството за надворешни работи беше претворено во коруптивен центар при што доделени се милионски тендери на фирми блиски до ДУИ. Фирмите на неговите партиски колеги добиваа тендери со милионски суми за настани кои траеа само ден или два. Добро е ДУИ да пронајде каде завршуваа тие пари.

ДУИ при ветингот, нека провери дали Бујар Османи беше министер или бледа сенка и другар на Артан Груби?

Бујар Османи беше преносникот на пораки помеѓу Скопје и Будимпешта, носејќи тајни договори за враќањето на Никола Груевски. Нека провери ДУИ какви политики застапуваше Бујар Османи, за себе, за своите поранешни коалициони партнери или за Албанците кои ги заборави. Добро е да знаеме дали Бујар Османи беше само извршител на политичкото самоубиство на ДУИ во сценарио на Артан Грубу.

ДУИ ако навистина сака прочистување, нека не глуми дека ќе чисти ситни риби по своите ограноци. Нека почне од своите најголеми коруптивни фигури! Народот не верува во ваши лажни ветувања!

Време е за нови лица и лица без коруптивно наследство!“, велат од Вреди.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

УСАИД затвора 1.600 работни места во САД, илјадници вработени на административно отсуство

Следно

Трамп отпушта 1.600 вработени од УСАИД – 4.700 се технолошки вишок, Орданоски е во траор

Latest from Blog

Македонија U18 славеше во Бугарија – Индонезија совладана со 1:0

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години оствари победа од 1:0 против селекцијата на Индонезија на контролниот натпревар одигран во Банско, Бугарија. Стрелец на единствениот погодок беше Иван Танчев, кој уште во првото

Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија

Торба, во која имало експлозивна направа со далечински управувач била оставена во близина на влезот на хотелот, до градската гимназија, предизвикувајќи паника кај граѓаните и туристите во областа. По дојавата, полицијата веднаш

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Колумбија денес беше погодена од земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 13 километри, додека на површината бил најблиску

Ангелов: Ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“, состојбата сега е стабилна

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов изјави дека околу 2:30 часот по полноќ добиле дојава дека повторно има горење на депонијата „Дрисла“ и веднаш се упатил таму. -Се гледаа одредени пламени јазици, но
Go toTop