ВРЕДИ: Владата дава 34,5 милиони евра за изградба на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“

September 4, 2024
1 min read

Се отвора нова ера во образованието на нашата земја со историската инвестиција од 34,5 милиони евра за изградба на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“. Оваа одлука, силно поддржана од целата Влада, претставува значаен пресврт за нашата младина и за иднината на Албанците. Коалицијата Влен не зборува празни зборови како нашите претходници, кои освен со лажење и крадење каде што можеа, ја оставија нашата младина и без перспектива, се вели во соопштението од Коалицијата Влен.

Овој проект не е само нова зграда – тој е монумент на нашата посветеност кон образованието и развојот на идните генерации. Цели генерации сонуваа за ваков едукативен центар кој ќе го збогати не само знаењето, туку и духот на целата нација. Сега, тој сон станува реалност, создавајќи огниште на знаење и иновации за идните генерации. Оваа инвестиција, иницирана од коалицијата Влен, е силен доказ за нашата посветеност да обезбедиме најдобри можности за образование и личен развој на нашата младина. Убедени сме дека овој кампус ќе стане главен центар на интелектуален развој и иновации, создавајќи оптимални услови за научни истражувања и академска подготовка на највисоко ниво. Коалицијата Влен ќе продолжи со посветена работа за да донесе проекти кои го збогатуваат образованието и ги зајакнуваат темелите на успешна иднина за сите граѓани на Република Северна Македонија. Оваа значајна инвестиција е само еден од чекорите кои ги преземаме кон реализација на оваа голема визија, велат од Влен.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Промоција на романот „Деца“ на Милена Марковиќ во Скопје

Следно

Украинскиот министер за надворешни работи поднесе оставка

Latest from Blog

Трамп до Стармер: НЕ НИ ТРЕБАТЕ КОГА ВЕЌЕ СМЕ ПОБЕДИЛЕ

Американскиот претседател Доналд Трамп објави порака упатена до британскиот премиер Кир Стармер на својата социјална мрежа Truth Social, во која коментираше за евентуалното британско воено вклучување на Блискиот Исток. Трамп повторно го

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ МАПИТЕ: Војната меѓу Израел, Америка и Иран се прошири низ целиот Блиски Исток

Аеродромот Мехрабад во Техеран беше потресен од експлозии, а очевидци пријавија запален авион на пистата, додека израелско-американскиотбконфликт со Иран влегува во својот осми ден. Израел објави дека во нападот погодил 16 авиони,
Go toTop