ВРЕДИ: Уште 50 милиони евра за решавање на суштинските проблеми на општините!

November 11, 2024
1 min read

Со дополнителните 50 милиони евра што ги обезбедивме преку договор со Европската инвестициска банка, правиме уште еден чекор за подобрување на условите за живот за сите граѓани, без исклучок.

Како и предходно, со фондот од 100 милиони евра, овие средства нема да бидат распределени само на некои општини, туку на сите локални власти без разлика. Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање ги враќа средствата од централниот буџет, кои ќе бидат распределени според утврдената методологија и претставуваат неповратни субвенции за
општините. Сето ова ја докажува целосната посветеност на коалицијата ВРЕДИ за целосна децентрализација на општините, што беше и наша заложба во изборната платформа на парламентарните избори.

Додека ДУИ во општините со мнозинско албанско население ги остави без инфраструктура, вода за пиење и непокриена канализација, коалицијата ВЛЕН распределува буџетски средства за граѓаните да не се соочуваат со суштински проблеми за живот.

Оваа дополнителна инвестиција од 50 милиони евра е важен чекор за подобрување на инфраструктурата, јавните услуги и квалитетот на животот на граѓаните. Овој фонд ќе опфати различни развојни проекти насочени кон: Подобрување на патната инфраструктура, изградба и одржување на патишта за олеснување на сообраќајот и поврзувањето меѓу општините. Како и проекти за зачувување и заштита на животната средина за да се гарантира одржлива иднина за идните генерации. Затоа ги повикуваме општините да аплицираат за овие средства со потребната документација, за да им излеземе во пресрет на барањата на граѓаните.

Коалицијата ВРЕДИ, со распределба на средства во општините каде што гравитираат Албанците, ќе обезбеди општините да имаат автономија да управуваат со инвестиции и капитални проекти во интерес на благосостојбата на граѓаните.

Нашата порака е јасна: ВРЕДИ е искрено посветена на зајакнување на општините и подобрување на животот на граѓаните низ целата земја. ВРЕДИ за општините!

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Скопје најзагаден град а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Следно

Украина соопшти дека 6 лица загинале во руските воздушни напади врз јужните региони

Latest from Blog

Намален ДДВ, стабилни цени – Владата го ублажи ударот врз граѓаните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната

Гризман продолжува во МЛС и ќе игра за Орландо

фото: rubén (X) Ветеранот Антоан Гризман, и дефинитивно се сели во САД. Некогашниот репрезентативец на Франција ќе ги искористи овие неколку слободни денови, и ќе замине преку Атлантикот за да го комплетира

Празнична посета: Коњановски на средба со муфтијата Расими во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод празникот Рамазан Бајрам, денеска го посети Битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими, каде присуствуваше на традиционалната празнична баклава. Коњановски изрази благодарност за
Go toTop