ВРЕДИ: Партијата што го уништи владеењето на правото, денес држи предавања за ЕУ? Иронијата има име-ДУИ

November 21, 2025
1 min read

Партијата што го уништи владеењето на правото, денес држи предавања за ЕУ? Иронијата има име: ДУИ! Денешната изјава на Арбeр Адеми за „неуспехот во владеењето на правото“ јасно ја покажува исклученоста на ДУИ од реалноста. Неверојатно е да се слушне партија, чие половина раководство е на црната листа за корупција, да зборува за европски стандарди кога ДУИ е главната причина зошто со години земјата не напредувала ниту еден чекор во основните обврски од Кластерот I, велат од ВРЕДИ.

-ДУИ, која 20 години го претвори заробувањето на државата во уметничка форма, денес се преправа дека е моралист и тврди дека го брани владеењето на правото. Но, граѓаните ги знаат фактите: Судството беше претворено во подружница на ДУИ. Одлуките не беа донесени во судовите, туку во партиските ходници,
Промените во Кривичниот законик беа донесени за амнестија на корумпираните. А денес зборуваат за владеењето на правото? Владеењето на правото е токму областа каде што ДУИ остави најдлабоки траги, а тоа не го кажува политиката, туку самата Европска Унија, велат од ВРЕДИ.

ВЛЕН е за финансирање и вистинска независност на судството, но и за силни механизми за одговорност, така што правдата ќе им служи на граѓаните и на никој друг.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба на Меџити и Гаши: Поддршка и координација во интерес на граѓаните

Следно

Лидерите на ЕУ ќе се состанат на маргините на самитот на Г20 во сабота

Latest from Blog

ЛШ: Винчиќ ќе го суди реваншот меѓу Баерн и Реал

УЕФА денеска ги објави судиите за реванш натпреварите во четвртиналето од Лигата на шампионите. Дуелот меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид ќе го суди Словенецот Славко Винчиќ. Негови помошници ќе бидат Томаж

Пендаровски: Ако раководството на СДСМ не ја смени стратегијата и пристапот до граѓаните може да се соочи со понатамошен пад, па дури и маргинализација

Стево Пендаровски, поранешниот претседател на државата од СДСМ, упати јасна порака до раководството на неговата партија, дека се наоѓаат на сериозна крстосница и оти без длабоки промени партијата може да се соочи
Go toTop