ВРЕДИ најавува: ДУИ се подготвува за бојкот на локалните избори

February 28, 2025
1 min read

За да избегне програмска и кадровска реформа, на ДУИ очајно му треба политичка криза. Затоа веќе подолг временски период креираат сценарио кое треба да кулминира со бојкот на локалните избори, се вели во денешното соопштение на коалицијата Вреди.

„Дел од ова провидно сценарио се нивните неосновани напади за наводната деалбанизација, кое треба да креира лажна атмосфера дека Албанците не се доволно застапени во државните институции благодарение на коалицијата на Вреди со ВМРО-ДПМНЕ.

Барањето за предремени парламентарни заедно со локалните избори Али Ахмети го пласира не за да навистина се одржат, туку тоа да му биде аргумент зошто сака да ги бојкотира локалните избори.

ДУИ знае дека на локалните избори ќе доживеат драматичен пораз. Нивните истражувања им го потврдуваат овој факт. Али Ахмети знае дека после пораз на локалните избори неминовно ќе се отвори прашањето за неговото лидерство. Не сакајќи да заврши како политички губитник тој како коцкар посегнува по последната карта – бојкот на локалните избори. Откако не му беше прифатена понудата да влезе во Влада наместо Вреди со четири министри, без претседател на Собрание заедно со ветување дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го добие Кичево или Струга, ДУИ сака да предизвика политичка криза.

Вакво предавство на албанскиот народ не поминува. Казната за ова неодговорно однесување на корумпираното и заробено раководство на ДУИ ќе биде жестока“, соопшти Вреди.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведени три лица во тетовско за организирање борба со кучиња

Следно

Себорга – мало италијанско село што сака да биде независно кнежество

Latest from Blog

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека

СЕРИОЗНО Е ВО ФРАНЦИЈА! – ПЛАМЕНОФРЛАЧИ НА УЛИЦИТЕ, има повредени

За време на протестот на средношколци во градот Тур во централна Франција, 16-годишно момче претрпело сериозна повреда на окото од гумен куршум, објави градската обвинителка Катрин Сорита-Минар, пренесуваат медиумите. Во соопштението се
Go toTop