ВРЕДИ: Изгубените од ДУИ со последните три прес конференции може да конкурираат во категоријата најсмешни видео инсерти

November 7, 2024
1 min read

Смрзнати од страв што се одмотува клопчето во Лотарија и матните зделки на Артан и Прпарим излегуваат на површина, смислиле оригинална идеја – да ги обвинат Изет Меџити, Арбен Таравари и Коалицијата ВЛЕН за нивните коцкарски зделки. Вакво глумење на удрени досега не е видено во политичкиот плурализам, велат во партиското соопштение од ВРЕДИ.

Еве ги фактите:

Одлуката за основање на Државна Видео Лотарија – ВЛТ со содружник Казинос Аустриа е донесена во 2013 година, кога на власт се ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и цвета коалицијата Груевски, Мијалков Ахмети.

Тогаш, вицепремиер е Муса Џафери, кој и денес е пратеник, а министри од ДУИ се Фатмир Бесими и Бујар Османи, кој уште се дел од највисокото партиско раководство на опозицијата.

Ајде да ги разобличиме нивните лицемерни напади:

Бидејќи ДУИ упорно тврди дека Коалицијата ВЛЕН наводно со автентично толкување го вратила монополот на Казинос Аустриа, тогаш нека одговорат зошто 10 години сметано од 2013, истите од позиција на власт не преземале ниту еден чекор за отстранување на истиот монопол за кој сега обвинуваат?

Кога веќе шпекулираат со наводен незаконски профит од 100 милиони евра годишно, дали по истата логика ДУИ додека била власт наплатила вкупно 1 милијарда евра црн кеш?

Зошто на „чесните“ од ДУИ дури во 2023 или 10 години после партнерството со Казинос Аустриа, им текнува да основаат нова Државна Видео Лотарија под името НОВО ВЛТ, каде „случајно“ во раководни органи се Прпарим Бајрами, Артин Спахиу и Омер Буњаку, тројцата блиски луѓе на Артан Груби?

Дали и каква врска има ваквата одлука за основање НОВО ВЛТ со странските
ПР консултанти во кампањите на ДУИ?

Дали за интернет коцкарската платформа „Мега Вин“, Прпарим има платено
10 милиони евра?

Без одговори на овие прашања, корумпираното раководство на ДУИ нема што да бара кај Албанците. Што се однесува до нивната тактика, сакаме да им го порачаме следното.

Смешните прес конференции нема да ги спасат од правосудна одговорност сите што се огрешиле пред законите, се вели во соопштението на ВРЕДИ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија сигнализира спремност за преиспитување на односите со САД под новото раководство

Следно

Пронајдени се двете загубени деца од Скопје

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop