ВРЕДИ: ДУИ плаче за внимание, Ахмети е очаен

March 4, 2025
1 min read

Неодговорните најави на ДУИ за бојкот на локалните избори им покажа уште еднаш дека се целосно изолирани. Тоа што не се снаоѓаат во опозиција не може да го претворат во државен проблем. Али Ахмети е очаен за политичко внимание. Бара факторизација преку некаква средба со ВЛЕН, за проблеми кои ни ги остави во наследство, велат од коалицијата ВРЕДИ.

-Прво, крајно лицемерно и неодговорно е ДУИ да не обвинува нас за иницијативата пред Уставниот Суд, кога истата е свесно држена во фиока од нивните кадри во овој Суд, со план денес да се злоупотребува за критика. Не може ВЛЕН да биде одговорен за одредени недоречености во законот кои самите ДУИ свесно ги дозволиле. Второ, текстот на Законот за употреба на aлбанскиот јазик е доставен до Венецијанската Комисија токму од Бујар Османи. Нема никаква дилема дека зад сценариото за бојкот на локалните избори се крие стравот на ДУИ од пораз, па затоа измислуваат алиби во лажните обвинувања за наводна деалбанизација која симптоматично, според нив се случува само затоа што тие не се дел од Владата. ДУИ се преценува во моќта било што да организира на терен. Прочитани се. Да имаа поддршка од Албанскиот народ одамна ќе излезеа со протести, впрочем како што претходно најавуваа, се наведува во нивното соопштение.

„Апелираме до здраворазумното членство  на ДУИ да не влетува во егзибиционизмот на нивното корумпирано раководство. Без програмска и кадровска реформа, плус со бојкот и нереди на добар пат се цела партија да биде ставена на црна листа“ – посочуваат од ВРЕДИ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДУИ со очајничка уцена со БОЈКОТ: Ќе излезеле на локални, само ако биле заедно со парламентарни?!

Следно

Претседателката со забелешки за односот на министерката Кочовска кон пратеничката Петровска: „Не е лошо човек некогаш да се извини“

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop