Вречено Уверението за избран градоначалник на општина Битола

October 31, 2025
3 mins read

Денес, со врачувањето на Уверението за избран градоначалник, кој ќе раководи со општина Битола во наредните 4 години од страна на претседателот на Општинската изборна комисија Игор Талевски, влегувам во новиот четиригодишен мандат, како градоначалник на општина Битола, овјави Тони Коњановски.

Зад себе оставам мандат со четири години посветена работа во интерес на граѓаните на Битола. Кога ќе направам ретроспектива на изминатите 4 години, во кои се реализирани стотици проекти кои донеле подобар живот во општината и подобри услови за граѓаните, не можам, а да не бидам горд. Се градеше насекаде, од централното градско подрачје, до најоддалечените рурални места. Се работеше на јавните објекти, топлификацијата, инфраструктурата, културата, спортските објекти, се изградија патишта од над 50 километри. И сѐ уште се гради, не само поради проектите кои што ги започнавме, туку затоа што веруваме дека нашиот град заслужува да има иднина, заслужува да биде поквалитетно место за живеење и заслужува да се движи напред. Во следните четири години, очекувам дека ќе дојдат резултатите со кои ќе се заокружат најголемиот дел од сегашните проекти и од еден град кој пред само неколку години беше слепо црево, Битола ќе си го врати својот
препознатлив сјај. Битола и битолчани го заслужуваат тоа, рече Тони Коњановски.

„Поставивме цврсти темели врз кои ќе може да се надоградува модерна, урбана, чиста и динамична Битола, со темели на инфраструктура, на енергетска ефикасност, на нови образовни стандарди, на култура и спорт, на заштита на животната средина.

Инфраструктурно, реализирани се многу проекти на кои граѓаните позитивно реагираа, но за дел од реализираните проекти има и критики. На критиките, секогаш се обидував да одговорам, па дури и доколку општината нема вина. Гласот на народот е главната моја сатисфакција и мерка за сработеното. Кој што работи, само тој може да згреши. Лесно е да се критикува и да се напаѓа, но доблесно е да се признае дека во Битола никогаш повеќе од сега не се градело, не се работело и не се правело за севкупниот живот во градот, вклучувајќи го и спортот, културата, социјалата итн. Граѓаните реалирале, по што, според нашите законски можности ние сме реагирале до изведувачите, кои што пак, на сопствен нивни трошок ги санирале недостатоците. Ќе повторам, се работи транспарентно, отворено, во интерес на народот и оттука, секоја забелешка на граѓаните, ја примам како конструктивна и како предизвик да се добие најдоброто за битолчани. Така ќе продолжам да работам и во овој мандат.

Сега, драги мои сограѓани, доаѓа период во кој трудот што го вложивме, ќе почне да носи видливи резултати. Следните четири години ќе донесат реализација на нови проекти и години на живеење со резултатите од сето тоа што го работевме. Очекувам и во овој мандат, да добиеме голема поддршка од Владата, предводена од премиерот Христијан Мицковски. Во двата повици за капиталните проекти, добивме огромна поддршка и бевме град со најголем број на добиени апликации. Ниту тоа не е случајно, бидејќи покажавме дека знаеме како да го придвижиме градот напред, да ја издигмене културата, спортот и економскиот напредок“, рече Тони Коњановски.

„Битола ќе добие уште подобра инфраструктура – нов булеварски влез од станата на Охрид, функционални улици во градот и руралните средини. Јавните простори ќе се оплеменуваат и зазеленуваат за да бидат живи места на средби, активности и семејни дружби. Образованието останува наш приоритет, а образовните институции ќе го надоградуваат својот енергетски изглед и капацитет.

Поставени се темелите на новите културни вредности, кои во наредните години ќе ги надградуваме и ќе привлекуваме уште поголем број на туристи.

Спортските објекти и натаму ќе бидат носители на спортскиот дух и создавање на големи резултати на нашите спортисти, кои ќе ја надополнуваат битолската спортска историја. Во текот на овааа и следната година, ќе се работи на изградба и реконструкција на девет училишни спортски игралишта во училиштата „Даме Груев”, „Климент Охридски”, „Трифун Пановски”, „Ѓорѓи Сугарев”, „Гоце Делчев”, „Турското” училиште „Гоце Делчев“, „Коле Канински” – нас. Буковски ливади, во училиштето „Тодор Ангелевски”, како и во подрачното училиште во Г. Оризари. Во постапка е изградбата на трите спортски сали во училиштата „Стив Наумов“, Тодор Ангелевски” и “Даме Груев” – подрачно училиште во Долно Оризари. Со овие реконструкции и изградби и досегашните вложувања, заокружуваме над 20 спортски објекти и игралишта во градот“, рече Тони Коњановски.

„Затоа, заедно со мојот тим, ќе продолжиме да работиме на создавање на нови работни места, да привлекуваме инвестиции и да ги задржиме младите, нудејќи им квалитетен живот. Да ја јакнеме локалната економија со социјален напредок. Ова е заедничка мисија на сите нас кои што ја сакаме Битола и кои што сакаме да го гледаме градот како напредува. Во изминатите години заедно покажавме дека можеме да градиме и да изградиме, а во следните години, заедно ќе покажеме дека можеме да живееме подобро.

Битола е град на историјата и традицијата, но и град на млади луѓе кои имаат право да сонуваат за сопствена иднина дома, во својот град. И како заклучок на самиот крај би издвоил дека градот живее, младите се радуваат, а всушност, тоа е и нашата цел. Да ги задржиме, да ги привлечеме со нови успешни приказни, со зајакната економија, со добра инфраструктура, со здрава животна средина, со услови овде да ги растат своите деца, а ние да се радуваме на нашите внучиња. Да им дадеме достоиствен живот не само на младите, туку и на сите жители на општина Битола. Да се гордеат на својот град, на успесите на своите сограѓани, а јас како градоначалник, да продолжам да го реализирам зацртаниот пат за поуспешна и поубава Битола.

Ви благодарам од срце за довербата и за поддршката“, рече Тони Коњановски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Нов мандат, нови проекти: Коњановски ветува подобар живот за битолчани

Следно

Овни со планетарно влијание кое дава сила, а Бикот е со силна интуиција

Latest from Blog

Официјално: Костов во Ц. Звезда до 2028! (ФОТО)

ФОТО:Crvenazvezdafk.com Сега веќе е и официјално. Мега – талентот на Ц. Звезда, Василије Костов кој има македонски корени, го продолжи договорот со Ц. Звезда до 2028 година. Како што е познато, за

Научниците тврдат: Утринскиот с*кс е тајната за покачување на платата и унапредување на работа

Алармот ѕвони, вие го одложувате, а потоа правите нешто… попродуктивно. Според новото истражување на компанијата „ZipHealth“, утринскиот секс може да биде трик за успех на работа кој навистина вреди. Клуч за покачувања

Објавен трејлерот за „Врисок 7“ (ВИДЕО)

Трејлерот доаѓа повеќе од две години по објавувањето на „Врисок 6“ – првиот филм од серијалот каде што Кемпбел не глумеше, поради спор околу платата. Во новиот филм се враќа и Кортни
Go toTop