„Вработувањата“ причина за преписки, од ВМРО-ДПМНЕ велат лага се 3 илјади вработувања

February 22, 2025
1 min read

Изјавата на првиот вицепремиер Изет Меџити дека во текот на годината ќе се вработат од 2 до 3 илјади Албанци во јавната администрација и денеска предизвика политички реакции. Опозициската СДСМ изјавата ја нарекува скандалозна и без преседан. Портпаролката Кузевска обвини за партизација на администрацијата, исто како во времето на Груевски, притоа фрлајќи сомнеж дали списокот со овие вработувања е веќе на масата на премиерот Мицкоски.

СДСМ побара Антикорупциската веднаш да дејствува и да ги стопира сите вработувања во администрацијата.

Реагираше ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги социјалдемократите дека шират лаги, со цел да ја прикријат катастрофалната состојба во која е оставена државата.

-Тврдењата дека Владата ќе вработи 3.000 лица се целосна невистина и очаен обид на СДСМ да најде оправдување за сопствениот политички неуспех. Ако некој создаде армија на неспособни партиски војници и ја претвори државната администрација во штаб на Бихаќка, тоа е токму СДС! Ако има вработувања, тие ќе бидат исклучиво во согласност со пописот и реалните потреби на институциите, а не по партиски список како што правеше СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Овие судири меѓу двете најголеми партии доаѓаат откако пред неколку дена за време на партиска активност првиот вицепремиер Меџити, цитиран од партијата, изјавил дека во текот на годината во администрацијата ќе се вработат 2-3 илјади Албанци. На прашањето за ова, Меџити вчера рече дека зборувал за трансформација на решенијата во здравството. Од друга страна, министерката за финансии јасно стави до знаење дека планот за вработување за 2025 година е направен минатата година и дека нема потпишано договори за вработување на етничка основа, додека министерот за администрација го замоли Меџити „да не се однесува како Алиса во земјата на чудата“ ветувајќи нешто што, според Минчев, не е ниту реално ниту возможно без да се прекршат законските постапки.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Јафа Црвенка“ повлекува од продажба одредени количини „Рум касато“

Следно

Еве зошто Орданоски е лут: Пари од УСАИД земал и за Малави! (ФОТО)

Latest from Blog

Свештеникот упати трогателна порака до трите мали деца на Жота на неговиот погреб

Жота и неговиот брат загинаа во сообраќајна несреќа што се случи по полноќ во четвртокот, кога автомобилот од марката Ламборџини излета од патот и се запали. Браќата беа погребани денеска во родниот

ЕУ подготвува опции за санкции додека притисокот врз Израел расте

ЛОНДОН (АА) – Европската Унија се очекува да претстави серија можни казнени мерки против Израел следната недела како одговор на неговите дејствија во Газа, иако поделбите меѓу земјите членки го прават нивното

Градежни работи на автопатот Кичево – Охрид, жителите се жалат: Немаме пристап до селото

Градежни работи на автопатот Кичево–Охрид предизвикуваат револт кај жителите на околните села. Жителите кои живеат во близина на делот каде што се изведуваат работите се жалат дека им се блокирани пристапите до

Тамара Котевска го започна снимањето на „Човек против јато“ во штипскиот крај

По успехот на документарецот „Медена земја“, номиниран за два Оскари во 2020 година, режисерката Тамара Котевска се впушти во својот прв долгометражен игрален проект „Човек против јато“, чија главна снимачка локација се
Go toTop