Возраста за пензионирање ќе биде 70 години во Данска од 2040 година

May 23, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Парламентот на Данска усвои контроверзен закон со кој возраста за пензионирање ќе се зголеми на 70 години до 2040 година, што ќе ја направи највисока во Европа, јавува Анадолу.

Според данската јавна радиотелевизија ДР, законот е изгласан во третото читање вчера, со 81 глас „за“ и 21 „против“, од вкупно 102 присутни пратеници.

Новата легислатива ќе се однесува на сите лица родени на или по 1 јануари 1971 година.

Мерката се заснова врз долгорочна политика воспоставена со Договорот за благосостојба од 2006 година, кој ја поврзува возраста за пензионирање со зголемениот животен век.

Според овој модел, возраста за пензионирање ќе се зголеми на 68 години во 2030, на 69 години во 2035 и ќе достигне 70 години во 2040 година.

И покрај мнозинската поддршка во Парламентот, законот се соочува со остри критики од работниците, синдикатите и дури и од делови од владејачката Социјалдемократска партија.

Неколку социјалдемократски градоначалници ја повикаа премиерката Мете Фредериксен да го запре натамошното зголемување на старосната граница.

„Мислам дека 70 години е максимална граница. Понатаму не смее да се зголемува, туку треба да ја намалиме“, изјави градоначалникот на Хорсенс, Петер Соренсен.

Фредериксен претходно сигнализираше дека ова ќе биде последен пат нејзината партија да поддржи зголемување, но не исклучи натамошни приспособувања.

Според Индексот за подобар живот на ОЕЦД, просечната животна возраст во Данска изнесува 81,5 години.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тешка несреќа на магистралниот пат Градско-Прилеп – возило излетало од коловозот, две лица повредени!

Следно

Минов со апел до публиката: Да навиваме фер и со срце, да бодриме со почит!

Latest from Blog

Коњановски: Нови современи тоалети за учениците во „Коле Канински“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ОУ „Коле Канински“ каде што е предвидена целосна реконструкција на постоечките тоалети, кои со децении не биле обновувани. Со овој проект се обезбедуваат современи

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop