Вооруженото крило на Хамас соопшти дека заробило 3 израелски беспилотни летала во Газа

December 13, 2024
1 min read

Бригадите Ал-Касам, военото крило на палестинската група за отпорот Хамас, денес соопштија дека заплениле три израелски беспилотни летала кои спроведувале разузнавачки операции во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Ал-Касам соопшти дека неговите борци успешно заробиле „три ционистички беспилотни летала квадрокоптери“ додека биле на извидувачки мисии во квартот Ал-Џенинах источно од Рафа.

Израелската Армија во последните месеци сѐ повеќе распоредува беспилотни летала квадрокоптери за операции, вклучително и убиства со цел, лансирање гранати и издавање предупредувања за евакуација.

Одделно, движењето извести дека неговите борци ги гаѓале израелските сили кои напредувале во областа Ал-Баред во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа, користејќи тешки минофрлачки гранати.

Борбите меѓу палестинските борци на отпорот и израелските сили продолжуваат на повеќе фронтови, особено во северниот дел на Газа.

Израел од 5 октомври започна голема копнена операција во северниот дел на Газа за наводно да го спречи прегрупирањето на палестинската група на отпорот Хамас. Палестинците, сепак, го обвинуваат Израел дека сака да ја окупира областа и насилно да ги исели нејзините жители.

Оттогаш, речиси и да не е дозволена хуманитарна помош, вклучувајќи храна, лекови и гориво, во областа, оставајќи го преостанатото население во областа на работ на глад.

Речиси 4.000 луѓе оттогаш се убиени во северниот дел на Газа, според палестинските здравствени власти.

Израел започна геноцидна војна во Појасот Газа во која се убиени повеќе од 44.800 жртви, главно жени и деца, од 7 октомври 2023 година.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) во ноември издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот шеф на одбраната Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата војна против Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба Јанев – Васиљевиќ: Ги дефинираме контурите на идната меѓусебна стратешка и оперативна полициска соработка

Следно

Фидан: Стабилноста на Сирија и борбата против тероризмот се врвни приоритети за Туркије и САД

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop