Вооруженото крило на Хамас погодило израелски хеликоптер во источниот дел на Газа

October 26, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Бригадите Ал-Касам на Хамас објавија дека погодиле израелски хеликоптер со проектил во источно-централниот дел на Газа, пренесува Анадолу.

„Бригадите Ал-Касам на Хамас нишанеа израелски хеликоптер со ракета САМ-7 источно од кампот Ал-Буреиџ во централниот дел на Појасот Газа, а нашите борци потврдуваат дека го погодиле“, се вели во соопштението.

Сѐ уште нема официјална изјава од страна на Израел за овие тврдења.

Веќе 20-ти ден по ред, израелската војска го продолжува своето немилосрдно воздушно бомбардирање на Газа додека палестинските фракции во Појасот Газа продолжуваат со ракетните напади врз израелските населени места.

Се очекува израелска копнена операција во Газа, но поради нејзиното одложување, не се знае кога може да започне.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел реши да не им даде виза на ОН додека Гутереш не реши да го осуди Хамас

Следно

Манчестер Јунајтед планира да го врати Де Хеа во тимот?

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop