„Волстрит журнал“: Израел се согласи да ја одложи инвазијата на Газа

October 25, 2023
1 min read

Израел, исто така, ги разгледува напорите за обезбедување хуманитарна помош за цивилите внатре на палестинската територија, како и дипломатските напори за ослободување повеќе заложници држени од Хамас, се вели во написот на весникот

Израел се согласи со барањето на САД да ја донесе својата противвоздушна одбрана во регионот пред очекуваната копнена инвазија на Газа, објави денеска „Волстрит журнал“.

Имено, Пентагон работи на распоредување на десетина системи за противвоздушна одбрана во регионот за да ги заштити американските војници кои служат во Ирак, Сирија, Кувајт, Јордан, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати од проектили и ракети, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на американските и израелските власти.

Израел, исто така, ги разгледува напорите за обезбедување хуманитарна помош за цивилите внатре на палестинската територија, како и дипломатските напори за ослободување повеќе заложници држени од Хамас, се вели во написот на весникот.

Претходно Си-ен-ен објави дека американските воени советници се обидуваат, повикувајќи се на лекциите научени од војната во Ирак, да го спречат Израел да изврши сеопфатен копнен напад врз Газа.

„Додека тие му помагаат на Израел да подготви стратегија за поразување на милитантната група Хамас, советниците се надеваат дека израелската армија (ИДФ) ќе избегне да се заглави во крвави борби од куќа до куќа, нешто што Американците не успеаја да го направат во Ирак“,

изјавиле повеќе извори за Си-ен-ен.

Американските воени советници, како што објави телевизијата, му сугерирале на Израел наместо да започне копнен напад од големи размери, да користи комбинација од прецизни воздушни напади и насочени специјални операции. Администрацијата на Бајден испрати марински генерал со три ѕвезди за да ги советува ИДФ за планирање напади, јави Си-ен-ен.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

 Кривична пријава за разбојништво, приведени двајца малолетници

Следно

Никола Тодоров: Штета е што КАТО системот престанал да функционира наместо да се надоградува

Latest from Blog

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop