Волшебна глетка во дивината на Шар Планина – мајка Мечка со своите малечки (ВИДЕО)

November 20, 2025
2 mins read

Кафеавата мечка е еден од највпечатливите и најзначајни видови на Шар Планина. Овој сештојад вид се храни со растенија, плодови, инсекти, како и со мали и поголеми животни. Како строго заштитен вид, мечката има суштинска улога во одржувањето на природната рамнотежа во нашиот национален парк и пошироко на Балканот.

Во видеото што го споделија од Националниот парк “Шар Планина”, планинари на високопланинските пасишта среќаваат мечка со две мечиња, родени во jануари–февруари 2025 година. Малечките во следните две години ќе учат од својата мајка како да преживуваат и се приспособуваат во дивината. Во видеото тие се љубопитни, но се оддалечуваат од луѓето, избегнуваат средба – типично однесување за мечки.

Интересен факт: Во зима мечките не спијат целосен „зимски сон“, туку паѓаат во состојба на длабок мир. Ако се вознемират или ако времето е невообичаено топло, можат да се разбудат и да го напуштат леглото. За жал, оваа година населението од шарпланинските села имаше почести средби со мечки, кои веројатно се движеле поблиску до населените места поради лесно достапната храна од диви депонии и вознемирувањето од моторни возила во внатрешноста на планината.

Од Националниот парк “Шар Планина” споделија совет при средби со кафеава мечка – што треба да знаете?

Средбите со мечки при планинарење, качување, планински велосипедизам или движење по ферати се исклучително ретки, бидејќи мечките се многу срамежливи и ги избегнуваат луѓето. Тие имаат извонредно развиени сетила за мирис и слух и можат да детектираат човек од голема оддалеченост.

Како да избегнете средба?

-Зборувајте погласно, пејте или правете шум при движење.

-Избегнувајте густи грмушки.

-Не оставајте храна или отпад зад себе.

Селфи со мечка?

Не се обидувајте да фотографирате мечка. Привлекувањето мечка е опасно и има контраефект!

Што да направите ако видите мечка?

-Застанете мирно.

-Со смирен, гласен говор направете да ве забележи.

-Не трчајте! Трчањето може да предизвика реакции на потера.

-Полека движете се настрана, без нагли движења.

-Обидете се да изгледате поголеми: исправете се, кренете ги рацете.

-Разговарајте смирено за мечката да препознае дека сте човек.

-Ако имате спреј за мечки, користете го само ако мечката се приближува премногу.

А ако видите младенче?

Секогаш има мајка во близина — повлечете се полека и смирено.

Ако мечката се подигне?

Тоа не е напад! Само се обидува да добие подобар поглед или мирис.

Што ако дојде до напад?

Легнете на земја, со рацете зад вратот. Престанете да се движите и симулирајте неподвижност. Почекајте мечката да се оддалечи.

Опрема за поголема безбедност:

-Спреј за мечки – ефикасен на далечина до околу 8 метри.

-Ѕвонче за мечки – дава рано предупредување и ја спречува блиската средба.

Видеото што го споделија од Националниот парк “Шар Планина” е прекрасен потсетник дека кафеавата мечка е вреден, редок и строго заштитен вид на Шар Планина. Да ја почитуваме, да и оставиме простор и да придонесеме сите за безбедноста и на природата и на луѓето.

Шар Планина е дом – да ја чуваме заедно!

Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Prespa Ohrid Nature Trust – PONT

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бараж за СП: БиХ гостува кај Велс!

Следно

Младата Месечина во Шкорпија носи среќа за овие четири знаци: Од 20 ноември им започнува нов живот со нови добивки

Latest from Blog

САД запленија нов танкер во Карибите, петти по ред

САД го запленија танкерот „Олина“ во Карибите, петтиот брод погоден во последните недели, додека Вашингтон ги засилува напорите за ограничување на извозот на венецуелска нафта, соопштија американски официјални лица во петокот. Според

Претседателката Сиљановска-Давкова ги достави предлозите за двајца членови на Судскиот совет до Собранието

Во Собранието се доставени материјалите за избор на Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет на Република Македонија на предлог на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Арлинда Кадри-Шахиновиќ е универзитетска професорка

Готово е: Сака во Арсенал до 2031!

ФОТО: Arsenal/FB Готово е, се чека само на промоцијата. Имено она што беше најавувано во претходните месеци, теренот се подготвуваше и конечно сè е завршено, и треба да се официјализира. А тоа

Општина Битола и екипите на „Водовод“ работат на санација на подрачјата погодени од дожд

Во координација со граѓаните, екипите на ЈКП „Водовод“ од Битола интензивно работат на терен за санација на подрачјата погодени од поплави. Активностите се насочени кон село Логоварди, населбата Буковски ливади и улицата

ВИДЕО: Приведени сопствениците на барот во Швајцарија во кој загинаа 40 лица

Сопствениците на швајцарски ски-бар во Кранс-Монтана, кој беше зафатен од смртоносен пожар, сопругот и сопругата Жак Морети (49) и неговата сопруга Џесика (40), денес пристигнаа на сослушување во канцеларијата на државниот обвинител.
Go toTop